Покрај конфекцијата “Метас“, на саемот учествуваат и штипските конфекции “Албатрос“ и “Астибо Фешн груп“, како и компаните “Еуросолид“ и “Кули“.
Дополнителна можност за меѓународна презентација македонскиот текстил има и и на саемот за материјали и модни додатоци, што исто така се одржува во Минхен. Покрај тоа, нашите учесници ќе можат да се запознаат со новите услуги, производствените методи и комплетните решенија во производството на текстил и облека.
На саемот во Минхен учествуваат над 200 компании од тектилната и модната индустрија со производи и производствени услуги што се однесуваат на “кат мејк трим“ решенија, висок квалитет на производство и целосен пакет на услуги.
Освен поддршката од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, нашите текстилни компании поддршка имаат и од Швајцарската програма за поддршка на извозот – СИПО и од Текстилниот кластер на Република Македонија.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.