Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Oбјавена тендерската постапка за изведувач за реставрација и заштита на Споменикот на слободата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
20 јуни, 2023
во Кочани, Култура
време на читање: 2 мин.
A A
Oбјавена тендерската постапка за изведувач за реставрација и заштита на Споменикот на слободата во Кочани

Општина Кочани ги почнува активностите за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и за партерно уредување на Споменикот на слободата, за што објави јавна набавка за избор н изведувач на градежните работи.

Санацијата на најголемиот мозаичен монумент на Балканот, лоциран на ридот Локубија во Кочани, е во рамки на проектот што се реализира со финансиска поддршка од над 254 илјади долари од Амбасадата на САД, преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство.

Реставрацијата на Споменикот беше најавена кон крајот на август минатата година, кога во Кочани дојдоа и амбасасрорката на САД, Кејт Мари Брнз и министерката за култура , Бисера Костадиновска-Стојчевска.

-Споменикот или тврдината на слободата е храм на уметноста во поновата историја затоа што според својата уметничка вредност во времето во коешто е создаден им пркосел на тогашните европски норми за меморијална и монументална форма. Тој важи за еден исчекор во освојувањето на архитектонско-уметничката слобода во светски рамки. Мозаичниот приказ на академикот Глигор Чемерски, што храбро се издига над Кочани, ќе биде обновен, реставриран и реконструиран, за повторно да стане вистински репрезент на традицијата, сегашноста и иднината што се вткаени во неговата безвремена идеја и изведба, истакна лани министерката Костадиновска-Стојчевска

Според предвидените градежни работи во техничката спецификација на проектот, ќе се санира оштетената бетонска подлога, ќе се демонтираат и заменат подните облоги од мермер и травертин, а ќе се поправаат и оштетувањата на амфитеатралните и на пристапните скали со тераса и сценски партер. Исто така, ќе се изврши санација на оштетените вертикални ѕидни површини со чистење и пескарење на бетонските ѕидни платна и заштита од атмосферските влијанија. Со јавната набавка за овие активности се планирани над 8,2 милиони денари, а целта е да се подобри севкупната физичка состојба на Споменикот на слободата и да се вратат неговите суштински вредности и уметнички израз. 

Проектот опфаќа и конзерваторско-реставраторски работи на мозаичките фризови на Споменикот на слободата, како заштитено недвижно добро, а за што ќе има одделна јавна набавка.

Пријавувањето на заинтересираните изведувачи за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и за партерното уредување на Споменикот е до 7 јули, а рокот за комплетирање на работите е шест месеци.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: мозаикспоменик на слободата

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Шведскиот амбасадор Сулстром ја посети Општина Кочани
Кочани

Шведскиот амбасадор Сулстром ја посети Општина Кочани

автор: Администратор
3 декември, 2025
0

Амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром денеска оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се...

прочитај повеќе
Се чисти Кочански Дол за да се спречи опасност од поплавување на куќите кај Општата болница
Кочани

Се чисти Кочански Дол за да се спречи опасност од поплавување на куќите кај Општата болница

автор: Администратор
2 декември, 2025
0

Екипи од КЈП „Водовод“ и од Општина Кочани деновиве спроведуваат активности за чистење на Кочански Дол, со цел да се реши проблемот со децениското неодржување и нечистење на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 5, 2025 - пет
Кочани, MK
9°C
облачно
облачно
2 m/s, ENE
91%
756.06 mmHg
fri12/05 sat12/06 sun12/07 mon12/08 tue12/09
слаб дожд
10/10°C
слаб дожд
12/8°C
облаци
12/7°C
облачно
10/6°C
облаци
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?