Едниот од проектите, што е заеднички со бугарската општина Рила, е за парковско уредување на околината на Споменикот на слободата на ридот Лукубија, со вкупна површина од 130 илјади метри квадратни. Со оглед што во градот нема поголема парковска површина, намерата е да се оплемени просторот и да се поправат оштетувањата на споменичниот комплекс. Заедно со општината Разлог пак, се аплицира за финансиска подршка за доизградба на кејски ѕидови на коритото на Кочанска Река, од последниот сообраќаен мост на северниот дел од градот до локалитетот Бавчалук, со што ќе се регулира текот на реката.
Покрај овие проекти, поднесена е апликација за целосна реконструкција на Мултикултурниот центар, односно на зградата на поранешниот Работнички универзитет „Ленин“, за што заеднички ќе се бараат пари со општината Гоце Делчев од Бугарија, а кочанското ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со партнерско училиште од истата општина е носител на проект за подобрување на енергетската ефикасност.
Комуналното претпријатие „Водовод“ е носител на партнерски проект за набавка на превентивен систем, т.н. дојавувач на пожари, што досега во Македонија практично и го нема, така што општина Кочани ќе биде пионер во оваа област.
Кои од овие проекти ќе добијат финансиска поддршка преку Прогарамата за прекугранична соработка допрва ќе се одлучува, а доколку барем два од нив влезат во фаза на реализација тогаш од Европските фондови ќе се добијат средства од околу половина милион евра.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.