Општина Кочани веќе објави јавен тендер за избор на најповолни понуди од заинтересираните изведувачи на градежните работи.
Вкупната вредност на градежните работи се планира на околу 4 милиони денари. Парите за учиците “Блаже Поп Арсов“ и “Стамен Манов“ се обезбедени од Буџетот на државата, преку програмата за имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите, додека пак средствата за улицата “Ѓорѓи Пулески“ се од Буџетот на Општината со Програмата за изградба и реконструција на улици и локални патишта во 2018 година.
По потпишувањето на договорот со фирмите чии понуди ќе бидат избрани како најповолни, асфалтитрањето на трите улици треба да се реализира во период од 1 до 5 месеци.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.