Според градоначаникот Николчо Илијев, заполната е подготвката на проект за детско игралиште и во Белското маало, каде што пред неколку години постоел парк со борова шума. Со тоа општината позитивно одговара на барањето на жителите од оваа населба, со цел оваа зелена површина да биде максимално корисна за најмладите, но и за возрасните. На оваа локација се планира да се постават детски играчки, клупи и друга парковска урбана опрема. Од вкупната површина, за детско игралиште во Белското Маало ќе бидат наменети 88 м2, а 430 м2 ќе остане тревна површина на која ќе бидат засадени уште 15 нови садници.
Наскоро се очекува да се работи и на детското игралиште во населбата Калиманова Глава, каде, според барањата на жителите, ќе се постави заштитна ограда за да се спречи паркирањето на возилата во паркот, но и да се зголеми безбедноста на децата при играта.
Екипи на „Водовод“ деновиве ќе бидат активирани за косење на тревата и подобрување на хигиената на ова место.
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.