Месец април кој глобално е посветен на екологијата но и безбедноста и заштитата при работа, во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ беше одбележан со акции за пошумување кои освен грижата за околината, беа и потсетник дека кога сме заедно полесно се издржуваат и премрежјата и искушенијата. Со пошумувањето е засаден живот, а на голите падини некогаш ќе стојат неми сведоци на сето ова што го поминува овој град.
Покрај напорите за општа корисност и одговорност, непрекинато се води и посветена грижа за здравјето на вработените во „Амфенол Технолоџи Македонија“. По повод Светскиот ден на здравјето, во компанијата се организираше испитување на шеќер во крвта и проверка на крвен притисок. Сите вработени кои сакаа да направат проверка на сопственото здравје, имаа ваква можност и тоа во просториите за систематски прегледи кои за таа намена се опремени во компанијата.

Безбедноста и заштитата при работа, во ,,Амфенол” се еден од врвните приоритети. Секторот за БЗР по повод Светскиот ден на безбедност и здравје при работа 28 април, реализираше и вежбовни активности, во кои вработените ја презентираа својата подготвеност и професионалност во извршување на работните задачи.

Обуките и проверките за соодветна реакција во кризни ситуации, како и сите други активности поврзани со безбедноста на сите вработени во „Амфенол Технолоџи Македонија“ се на високо професионално ниво, а заложбите во таа насока континуирано се унапредуваат.
Амфенол Техолоџи Македонија – Кочани

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.