Амбасадорката на САД, Ангела Агилер, оствари официјална посета на ,,Амфенол Технолоџи Македонија” во Кочани. Таа се сретна со директорот Сашко Наков и менаџерскиот тим, кои ја презентираа работата на компанијата, нејзините производи и идните планови за развој.
Оваа посета беше исклучително позитивна и корисна за двете страни. Дискусиите се фокусираа на голем број теми, вклучувајќи ја и ситуацијата во Кочани.

Амбасадорката изрази задоволство од постигнувањата на компанијата и ја истакна важноста на соработката помеѓу приватниот сектор и дипломатските преставништва, во насока на економски развој и иновации.

Посетата заврши со обострана подготвеност за понатамошна комуникација и соработка.
Амфенол Технолоџи Македонија

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.