Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Закрепнува царскиот орел што го спасија кочанските пожарникари

автор: Т. Ајтовски
7 август, 2024 10:26
во Кочани
време на читање: 1 мин.
A A
Закрепнува царскиот орел што го спасија кочанските пожарникари

Брзо закрепнува повредениот и истоштен царски орел што пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани го однесоа во Зооолошката градина во Скопје, откако претходно го спасија од кров на викендичка на Пониква.

Птицата веќе почнала самостојно да зема храна и вода, со што се очекува за кратко време нејзината здравствена состојба да се подобри за да може да се врати во своето природно живеалиште.

Веднаш по спасувањето од громобранската инсталација, во која билa заплеткана птицата, во Кочани таа ја доби потребната интервенција од ветеринар. Потоа, беше транспортирана во Скопје, по претходен  договор со Македонското еколошко друштво, чии членови повеќе години работеа на истражување на животинскиoт и растителниот свет на Осоговските Планини и по чија иницијатива тие добија статус на заштитен предел.

Царскиот орел припаѓа на групата загрозени видови птици и се проценува дека во Македонија има само десетина двојки. Едно од неговите природни живеалишта е во околината на локалитетот Раткова Скала на Осоговските Планини, а поради пожарите кај селото Зеленград, што е во непосредна близина на локалитетот, птицата била повредена, дезориентирана и не можела да се врати во своето гнездо.

Од ДПД – Кочани информираа дека по соодветното згрижување и целосното заздравување, орелот ќе биде пуштен во неговото природно живеалиште.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: доброволно противпожарно друштво - кочаницарски орел

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани се поклони пред ликот на Илчо Гоцевски, возачот – херој со срце планина кој е 64-та жртва на кобната ноќ во „Пулс“
Кочани

Кочани се поклони пред ликот на Илчо Гоцевски, возачот – херој со срце планина кој е 64-та жртва на кобната ноќ во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
18 март, 2026 15:22
0

Пред просториите на Итната медицинска помош во Кочани, таму каде што секоја секунда е борба за живот, денеска повторно завладеа молк. Во присуство на семејството, државни претставници и...

прочитај повеќе
Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 20, 2026 - пет
Кочани, MK
9°C
облаци
облаци
2 m/s, NNE
43%
759.06 mmHg
fri03/20 sat03/21 sun03/22 mon03/23 tue03/24
облаци
10/6°C
облачно
11/4°C
одвоени облаци
13/4°C
облачно
12/7°C
одвоени облаци
12/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?