Здружението на пензионери од Кочани се вклучува со своја активност за прибирање финансиски средства како поддршка на настраданите во клубот „Пулс“.
На 8 јуни, недела, во 10 часот, во Паркот на Револуцијата во Кочани ќе се одржи пазар на домашни специјалитети од тесто што ќе ги изработат членовите на Здружението. Специјалитетите ќе се продаваат на парче, а собраните финансиски средства ќе бидат наменети за настраданите.
Исто така, ќе бидат поставени и кутии за донации во кои секој заинтересиран ќе може да остави свој прилог.

На настанот можат да учествуваат и други граѓански здруженија од општината и од целата држава. Пријавувањето за учество во хуманитарната активност е најдоцна до 1 јуни во просториите на Здружението на пензионери – Кочани, во периодот од 8:30 до 12:30 часот или на телефонските броеви 033 271 468 и 071 215 622.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.