Кочанскиот каратист Филип Стојанов, член на КК „Партизан“, како дел од Македонската карате репрезентација ќе учествува на Европското карате првенство за кадети, јуниори и каратисти до 21-годишна возраст што од 6 до 8 февруари ќе се одржи во Лимасол, Кипар.
Стојанов имаше интензивни подготовки во изминатиот период и ќе се натпреварува во категоријата У21 +84 кг.
По учеството на Балканското првенство, што во ноември минатата година се одржа во Хрватска и каде со македонскиот У21 кумите тим освои сребрен медал, за него ова ќе биде втор поголем настап по паузата што ја направи заради санирање на повредите од пожарот во клубот „Пулс“.
На Европското првенство на Кипар ќе настапат 1.276 каратисти од 47 држави.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






