Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општата болница – Кочани се соочува со недостиг од персонал, лекари специјалисти од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
20 мај, 2025 13:04
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Општата болница – Кочани се соочува со недостиг од персонал, лекари специјалисти од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените во „Пулс“

Првиот тим од лекари специјалисти од Скопје, како што претходно беше најавено од Министерството за здравство, денеска дојдоа на помош на своите колеги во Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Лекарите од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе ја спроведуваат евалуацијата на здравствената состојба на повредените од пожарот во клубот „Пулс“, за да се утврдат потребите за лекување и помагала. Претходно од Фондот за здравствено осигурување беше упатен повик до сите повредени, до крајот на оваа недела, да се јават во кочанската болница за да бидат вклучени во евалуацијата.

Од Општата болница информираа дека најголем проблем им е недостигот од здравствен персонал, главно медицински сестри, а постојниот е преоптоварен со интервенции по трагедијата од пред два месеца.

-Голем број медицински сестри заминаа во пензија, а овие што ги имаме се овде, остануваат и по работното време во зависност од потребите на пациентите, но едноставно се преморени. Потребни се најмалку уште еден до два тима за медицинска рехабилитација. Реквизити за физикална терапија и друг третман добиваме, но нема кадар додека ќе трае рехабилитацијата, со оглед што таа нема да заврши за десетина дена. Морам да го споменам и психолошкиот момент, треба да се охрабрат пациентите да се јавуваат кај психијатар и психолог, затоа што таква помош им е потребна на сите, вклучувајќи ги и здравствените работници, но тоа сѐ уште е табу тема кај нас, истакна Кристина Серафимова, директорка на Општата болница – Кочани.

Во функција наскоро ќе се стави и хипербарната комора, за која се чека двајца здравствени работници да добијат соодветен сертификат за ракување.

-Тие се на обука и очекуваме да се вратат, но за користење на хипербарната комора, односно кои пациенти ќе бидат подложени, одлука треба да донесат лекарите кои го вршат третманот, без разлика дали е хируршки или физикален. Притоа е вклучен и специјалист интернист за да се провери дали повредениот може да влезе во комората, додава Серафимова.

Во моментот 40 пациенти добиваат физикална терапија, а уште 70 повредени со изгореници секојдневно доаѓаат на преврски во болницата во Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општа болница со проширена дејност - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе
Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор
Кочани

Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 20:38
0

Во емотивна атмосфера, со почит кон минатото и јасна визија за иднината, во Кочани се одржа панел-дискусија по повод една година од основањето на Ротари Феникс центарот. Настанот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 13, 2026 - пет
Кочани, MK
14°C
неколку облаци
неколку облаци
1 m/s, SSE
40%
762.07 mmHg
fri03/13 sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17
неколку облаци
14/6°C
одвоени облаци
14/3°C
облаци
14/6°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?