Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Зрновци ќе добие капела, техничката документација треба да биде готова до крајот на годинава

автор: Т. Ајтовски
20 септември, 2023 13:50
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Општина Зрновци ќе добие капела, техничката документација треба да биде готова до крајот на годинава

Во рамки на планираните инфраструктурните проекти што во наредниот период треба да се реализираат во општина Зрновци е и изградба на капела со која ќе стопанисува КЈП „Водна кула“. Локалната самоуправа веќе ги презеде почетните активности, при што објави јавен повик за избор на проектант кој ќе ја изработи техничката документација, односно основниот проект што ќе содржи елаборат и ревизија за објектот, а за оваа намена е планирана сума од околу 300 илјади денари.

Капелата ќе биде лоцирана на земјиште во државна сопственост, покрај локалниот пат за Мородвис кај гробиштата во Зрновци. Треба да биде проектирана во согласност со важечките законски одредби, прописи и стандарди за градби од таков тип.

Освен основниот објект, во кој ќе има ладилник со две комори, треба да се планира и простор за кујна со трпезарија, тоалети, магацински простор, трем и просторија за продажба на цвеќе и свеќи.

Поднесувањето на понудите од заинтересираните проектанти е до 26 септември, а рокот за изработка на техничката и проектната документација е 45 дена од доставувањето на писмениот налог од Општина Зрновци до избраниот изведувач.

-По завршувањето на временските рокови согласно законот, очекуваме до крајот на ноември и почетокот на декември документацијата да биде завршена. Ќе се направи и уредување со сервисна улица во должина од 170 метри, што ќе почне идната недела, а се изготвува и проект за бетонски ѕид за оградување на гробиштата, што се реализира по барање од граѓаните, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Вкупната површина за проектирање изнесува 200 квадратни метри, а објектот треба да е проектиран само за приземје, да се изгради од армирано-бетонска конструкција со термоизолациски метален панел за кровот, прозорците од ПВЦ профили со термопан стакло, а столаријата од дрво. На влезот од капелата треба да се планираат скали, пристапна рампа за лица со потешкотии во движењето, како и пристапен пат со паркинг простор.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: капелаопштина зрновци

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“
Регион

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“

автор: Т. Ајтовски
8 март, 2026 09:42
0

Месната заедница Блатец упати официјално барање до Владата, како и до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и до Министерството за животна средина и просторно планирање за...

прочитај повеќе
Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата
Култура

Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата

автор: Т. Ајтовски
6 март, 2026 19:05
0

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Виница беше отворена уникатната изложба на стари предмети насловена „Спомени на едно време“. Настанот, кој привлече голем интерес...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
9°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
72%
756.81 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
-/8°C
неколку облаци
14/3°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/8°C
снег
5/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?