Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев потпиша договор во Министерството за локална самоуправа за реализација на проектот „Набавка на комунална механизација и опрема”, а за што се обезбедени над 5,5 милиони денари.
Средствата се добиени во рамки на Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, за што Општина Зрновци аплицираше во март годинава.

Со проектот ќе се набави трактор со моќност од над 100 коњски сили, современа приклучна механизација, мултифункционална шепа и косилка за хоризонтално и вертикално уредување на вегетацијата покрај патните правци и јавните површини, механизација за транспорт, како и механизација за зимско одржување на патиштата и улиците.
Целта на проектот е навремено, ефикасно и со помал број на ангажирани работници да се извршуваат сите потребни операции за летно и зимско одржување на улиците, како и примена во останати комунални активности.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






