Основниот суд – Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што ги побара Основното јавно обвинителството во Кочани.
– Добиени се 18 барања, за четири лица е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор согласно член 163 и мерки за претпазливост согласно член 146 од Кривичниот законик, а за осум лица е изречена мерка за претпазливост согласно членот 146. Сите имаат право на жалба во законски рок, во зависност од мерката што им е одредена, од 24 часа до 72 часа, истакнаа од Основниот суд – Кочани.

Основното јавно обвинителство – Кочани претходно информираше дека истражната постапка е проширена со нови 19 осомничени што заедно со претходно осомничените и седумтемина полициски службеници за кои се води издвоена постапка, вкупниот број на опфатени со истрагата за трагедијата е 52 лица.
Меѓу осомничените се овластени градежни инспектори во општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри за економија, државни секретари и други службени лица од тоа министерство, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, информираа од Обвинителството.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.