Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советот на Општина Кочани даде поддршка за ослободување од комуналии на проектот за изградба на Дом за стари лица

автор: Т. Ајтовски
25 април, 2025 07:48
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Советот на Општина Кочани даде поддршка за ослободување од комуналии на проектот за изградба на Дом за стари лица

Советот на Општина Кочани денеска, по итна постапка, ја одржа 63. седница со само три точки на дневниот ред, меѓу кои главна беше ослободувањето од плаќање надоместок за уредување градежно земјиште, односно од комуналии на проектот за изградба на Дом за стари лица.

Седницата почна со едноминутна почит кон настраданите во трагичниот пожар, а потоа беше констатирана оставката на функцијата што ја поднесе советничката Кристина Атанасова Арсова.

Во образложението за итноста на седницата од општинската администрација беше нагласено дека треба да се запази рокот за аплицирање за финансиски средства, што Владата ги доделува како поддршка на општините од таканаречениот унгарски кредит. Дополнително, дневниот ред беше проширен со предлог за поднесување други инфраструктурни проекти за кои ќе се бара помош од државата.

За Домот за стари лица беше истакнато дека со првичниот проект објектот бил предвиден со капацитет од 210 лица, а потоа по барање од надлежните државни институции е намален на 141 лице.  

-Сакаме да ја аплицираме првата фаза од проектот, односно градежништво и архитектура и со овие средства објектот ќе биде изграден до карабина. За да можеме да добиеме одобрение потребно е да се донесе одлука за ослободување од плаќање комуналии за да можеме уште денеска да го изготвиме одобрението, да се однесе во Скопје за да се одобри и затоа е оваа итна седница, истакна Влатко Димитров, раководител на Секторот за уредување и располагање со градежно земјиште.

Локацијата за Домот за стари лица останува непроменета, односно е во кругот на поранешната касарна, каде што се наоѓаат и Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво.

-Согласно методологијата за распределба на средствата од унгарскиот кредит, Општина Кочани по глава на жител има одобрено 262 милиони денари. Изградбата на Старечкиот дом е 266.191.325 денари, а по спроведената јавна набавка очекуваме да се намали тој износ ако се јават повеќе заинтересирани за изградба, истакна Дејан Рашков, раководител на Секторот за финансиски прашања.

Дополнително беше нагласено дека Општината ќе аплицира за пари од унгарскиот кредит со проекти за потпорен ѕид на улицата „Стамен Манов“, сервисна улица „1 Мај“, дел од улицата „Рајко Жинзифов“ и основен проект за атмосферска канализација кај фабриките „Руен“ и „Атом“.

-Апликацијата е на 352 милиони денари и во овој момент ние аплицираме со 90 милиони денари повеќе средства. Се надеваме дека апликациите ќе бидат одобрени, а минусот на средства што треба да ги покрие Општина Кочани ќе биде околу 50 милиони денари, што не се никаков проблем во наредните година-две да се покријат од буџетот, додаде Рашков.

Во дополнително предложената точка на дневниот ред на седницата беа образложени проектите за кои исто така ќе се бара поддршка од државниот буџет.

-За нас е познат како Јужен булевар, а тоа е влезот во Кочани од магистралата кон Грдовци до Основниот суд. Овој проект во моментот не го аплицираме затоа што сме во фаза на добивање согласност од Министерство за животна средина – сектор Води. Се надеваме дека за месец-два ќе ја комплетираме документацијата и ќе имаме одобрение за градба. Овој проект е во износ од 118,5 милиони денари. Друг проект за кој имаме одобрение е реконструкција на дел од улицата „Евлија Челебија“ од 25,9 милиони денари, дел од улицата „Бел Камен“ од 15,2 милиони денари, пешачка улица „8“ и дел од пристапна улица „1“ од 2,99 милиони денари, изградба на улица „Кирил Ѕмбов“ од 16,7 милиони денари, осветлување на Пониква – фаза 1 од 8,2 милиони денари. Тие се мапирани како приоритетни улици за кои имаме одобрение за градба, информираше Рашков.

Советниците дадоа поддршка на предлогот да се бара финансиска помош за овие проекти, а на крајот од седницата в.д. градоначалникот Венко Крстевски информираше дека од Црвен крст е добиен список со општини кои донирале финансиска помош за настраданите во трагичниот пожар, а вкупната сума е 19.641.620 денари. Притоа упати апел до другите општини да се вклучат во оваа хуманитарна активност.  

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: комунална инфраструктураасовет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
11°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SSW
62%
759.81 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
чисто небо
12/7°C
одвоени облаци
14/3°C
неколку облаци
14/7°C
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?