Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Црвен крст – Кочани го одбележа Светскиот ден на крводарителството, Тиме Златков доби признание за 100 пати дарувана крв

автор: Т. Ајтовски
13 ноември, 2025 21:54
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Црвен крст – Кочани го одбележа Светскиот ден на крводарителството, Тиме Златков доби признание за 100 пати дарувана крв

Општинската организација на Црвен крст –Кочани на свечен настан по повод Светскиот ден на крводарителството денеска ги врачи признанија на повеќекратните крводарители од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

На свеченоста беа доделени благодарници на крводарители за 5, 25, 50, и 100 пати дарувана крв, како и на поддржувачи и на унапредувачи на крводарителството.

Годинава признанието за 100 пати дарувана крв му припадна на Тиме Златков од селото Тркање, Кочани при што Црвениот крст му врачи благодарница, плакета и традиционален подарок телевизор.

-Многу е убаво чувството да се дарува крв, притоа знаејќи дека со тоа спасувате живот. Почнав да дарувам крв подоцна, на 30 годишна возраст, но успеав да стигнам до бројката над 100 пати. Имам 104 дарувања. Здраво се хранам и живеам здрав живот. Јас сум А позитив крвна група. На сите млади им препорачувам да даруваат крв бидејки утре може да ни затреба на секој од нас, рече Тиме Златков, крводарител со над 100 пати дарувана крв.

Настанот се реализираше по повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството, а годинава поради трагедијата во Кочани истиот се реализираше подоцна.

-Овие признанија не се само признанија и бројки, ова се спасени човечки животи, ова е дадена надеж таму кадешто е најпотребна. Со денешниот ден сакам во името на Црвен крст Кочани да изразам благодарност на сите хумани луѓе кои придонесуваат за солидарноста и хуманоста во нашата заедница со дарувањето на крв. Дарувањето не е само хуман гест, тоа е начин на живот. Треба да бидеме благодарни на овие луѓе и исто така да биде како инспирација и за други луѓе да се приклучуваат во хуманото семејство на крводарители кое треба да се шири, рече Анета Коцева, секретар на Црвен крст – Кочани.

На локално ниво, општинскиот Црвен крст минатата 2024 година реализираше вкупно 19 крводарителски акции. Од нив 12 редовни и традиционални, секој последен четврток во месецот во просториите на Црвен крст – Кочани, три во соработка со кочанската полиција, две во Општина Зрновци, една младинска акција и една акција во компанијата „Руен Инокс Аутомобиле“. Во 2024 година собрани се вкупно 1.018 крвни единици.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
3°C
облаци
облаци
2 m/s, ENE
72%
762.82 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
облаци
14/3°C
одвоени облаци
14/6°C
неколку облаци
14/6°C
облачно
13/7°C
снег
5/4°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?