Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Близу 2,1 милиони евра за јавни набавки потрошила Општина Кочани во 2024 година

автор: Т. Ајтовски
11 август, 2025 10:09
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Обележувањето на службените возила на Општина Кочани треба да се направи до крајот на годината

Вкупен износ од околу 128 милиони денари или 2,1 милиони евра, што претставува 18,15 отсто од вкупниот годишен буџет, издвоила Општина Кочани за спроведување на јавните набавки во текот на 2024 година. Тоа претставува намалување за 23,3 отсто во однос на претходниот едногодишен период.

Лани биле реализирани вкупно 83 јавни набавки, а во просек по 4.043 денари по жител на општината се потрошени за оваа намена, што е за околу 1.200 денари помалку во однос на 2023 година, покажува истражувањето што го спроведе Центарот за граѓански комуникации од Скопје.

Најмногу пари од општинскиот буџет, вкупно 26 милиони или 20% од јавните набавки во текот на минатата година биле исплатени на ЕСМ Продажба ДООЕЛ – Скопје за набавка на електрична енергија. Со ваквиот износ, Кочани е трета општина во државата, после Скопје и Прилеп, според исплатата кон овој добавувач.

На листата на фирми со кои биле склучени договори за јавни набавки, според висината на исплатените средства следуваат Стоименов – Кочани со 17,2 милиони, Коле-транс инженеринг од Штип со 14,5 милиони и Калина ДООЕЛ – Оризари со близу 10,4 милиони денари, кои работеле на инфраструктурни проекти, главно во сообраќајната инфраструктура.

Околу 43,7 отсто од парите за јавни набавки Локалната самоуправа на Кочани ги потрошила за изведба на градежни, инсталатерски и друг вид работи, 34 отсто се за набавка на стоки, а 24,3 отсто им се платени на добавувачи кои извршиле разни услуги за потребите на Општината и нејзините институции.

-Во текот на 2024 година Општина Кочани на располагање во буџетот имала 703 милиони и 967 илјади денари, а нејзиниот вкупен удел во реализираните јавни набавки на ниво на држава изнесува 1,09 отсто. Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми, се наведува во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Податоците од истражувањето покажале дека со околу 1 милион евра повеќе во однос на 2023 година Виница е во групата од 15 општини во државата со најголем пораст на износот потрошен за јавни набавки. Локалните самоуправи на Зрновци со 449.680 денари и на Чешиново со потрошени помалку од 400 илјади денари се меѓу општините во државата кои издвоиле најмалку за оваа намена.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јавни набавкиопштина кочанифинансии

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На Пониква се одржа дводневна обука за спасување и извлекување лица во зимски услови и лавини на планина
Кочани

На Пониква се одржа дводневна обука за спасување и извлекување лица во зимски услови и лавини на планина

автор: Т. Ајтовски
11 февруари, 2026 10:25
0

Доброволната спасителска служба „Осогово“ од Кочани беше домаќин и организатор на дводневна обука за спасување и извлекување лица во зимски услови и лавини на планина што се одржа...

прочитај повеќе
Обука за правилна селекција, постапување и документирање на отпад организираше Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани
Кочани

Обука за правилна селекција, постапување и документирање на отпад организираше Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани

автор: Т. Ајтовски
10 февруари, 2026 15:19
0

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ од Кочани организираше дводневна обука за правилна селекција, постапување и документирање на отпад,наменета за претставници од компании...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 11, 2026 - сре
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, ESE
90%
753.06 mmHg
wed02/11 thu02/12 fri02/13 sat02/14 sun02/15
-/7°C
облачно
8/7°C
слаб дожд
9/8°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
14/9°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?