Чинот на потопувањето на светиот крст на празникот Водици во Виница се одржа на Градечка Река.
Со пораки светлината и благословот на осветените води да донесат здравје, мир и духовна сила, а верата и заедништвото да бидат водилка во секојдневниот живот, по богојавленскиот крст во реката скокнаа триесетина момчиња. Најсреќен да го фати беше Бојан Колишев.
Од православниот храм Св. Архангел Михаил, како и од Општина Виница тој доби пригодни подароци.

-Водици нè потсетуваат на значењето на чистотата, надежта и љубовта меѓу луѓето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилна заедница. Во мое лично име и во името на Општина Виница, Ви посакувам празникот да го поминете во радост, спокој и благосостојба, истакна градоначалникот Митко Костадиновски.
Чинот на потопување на светиот крст се одржа и во другите населени места во општина Виница, а најмногу среќа имаа Наум Крстов во Истибања, Даниеле Јанчев во Драгобраште, Наум Тренчовски во Блатец, Андреј Стаменков во Јакимово, Христијан Гоцевски во Лески, Мартин Велинов во Трсино, Валентино Китанов во Пекљани, Лука Цеков во Градец и Иван Арсов во Липец.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






