Седумчлена екипа од Доброволното противпожарно друштво – Кочани од 15 до 17 август присуствуваше на дводневна обука во организација на Рускиот хуманитрен центар во Србија и Доброволното противпожарно друштво „Стефан Синѓелиќ“ од Ниш.
Обуката се состоеше од три дела: прва помош, спасување на вода и ракување со чамец и скутер на вода и алпинистичко качување и спуштање со јаже.

-На враќање од Србија, на граничниот премин Табановце од страна на полициски службеници беше побарано да интервенираме на пожарот кој се закануваше на самиот граничен премин. Поставивме линија од хидранска мрежа и интервениравме во координирана акција со Дирекција за заштита и спасување и по двата прелета на двата ер трактори со 100 постотна ефикасност нашата екипа се повлече од местото упатувајки се кон Кочани, информираат од ДПД – Кочани.
Од Доброволното противпожарно друштво – Кочани упатуваат голема благодарност до организаторите од Ниш кои максимално посветено и професионално ги изведоа обуките, како и за нивната гостопримливост.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






