Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во Кочани почнува проект за селектирање на отпадот од пакување

автор: Т. Ајтовски
19 декември, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Во Кочани почнува проект за селектирање на отпадот од пакување

Со потпишувањето на договорот за соработка меѓу компанијата „Еко Проект Ко“ и комуналното јавно претпријатие „Водовод“, во Кочани почнува реализација на заедничкиот проект „Со граѓаните за граѓаните“ за селектирање и собирање на отпадот од пакување, односно на отпадна амбалажа од пластика и хартија.

На почетокот од проектот ќе има тримесечен пилот период во кој на домаќинствата на две поголеми улици во градот ќе им бидат поделени садови за селекција. Исто така, на неколку локации на јавни површини, во дворовите на училиштата и во јавните институции ќе бидат поставени посебни контејнери и садови за депонирање на пластична и хартиена амбалажа.

-Согледувајќи ги проблемите што во изминатиот период произлегоа со загадувањето од комуналната депонија во Кочани, почнуваме проект чија цел е да ги вклучиме граѓаните во селектирањето на отпадот од пакување, за да се избегне неговото палење и чадење, со што ќе придонесеме за почист воздух за сите. Се работи за наша иницијатива, заедно со Општината и комуналното препртијатие, а со поддршка од Министерството за животна средина, со која ќе поделиме садови за селектирање, но ќе работиме и на подигање на свеста на граѓаните за важноста од селекција на отпадот. Со тоа „Водовод“ ќе заштеди средства, енергија и возила, односно ќе го собира само комуналниот отпад, а ние со нашите специјализирани возила ќе ги празниме садовите во кои ќе се оставаат пластика и хартија, истакна Билјана Митева од компанијата „Еко Проект Ко“ – Кочани.

Во рамки на проектот ќе се спроведе јавна кампања преку медиумите и со непосреден контакт со граѓаните кои ќе добијат пропаганден материјал за начинот на селектирање на отпадната пластична и хартиена амбалажа.

По завршувањето на пилот периодот ќе се направи анализа на количините отпад од пакување што ќе се собираат на месечно ниво, за да се добијат точни податоци за успешноста на проектот и правците во кои понатаму ќе треба да се насочат активностите.

Во рамки на својата општествена одговорност компанијата ,,Еко Проект Ко” обезбеди новогодишни пакетчиња за учениците од подрачното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Горни Подлог што им беа поделени денеска. По тој повод тие организираа предновогодишна свеченост на која изведоа музичко забавна програма.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: еко пак хитеко проект кокјп „водовод“општина кочаниотпад

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Прекинуваат секојдневните блокади на сообраќајот кај кружниот тек на „Стево Теодосиевски“ откако Кривичниот суд – Скопје  го објави датумот за почеток на судскиот процес
Кочани

Прекинуваат секојдневните блокади на сообраќајот кај кружниот тек на „Стево Теодосиевски“ откако Кривичниот суд – Скопје  го објави датумот за почеток на судскиот процес

автор: Т. Ајтовски
16 октомври, 2025
0

Родителите на загинатите во „Пулс“ и Здружението „16 март 2025 – Кочани“ ги прекинуваат секојдневните едночасовни блокади на сообраќајот на кружниот тек на двојниот мост на булеварот „Стево...

прочитај повеќе
Саидова: Советничката листа „За живот во Кочани“ ќе работи на подобрување на подобрување на животот на Ромите, младите и жените
Кочани

Саидова: Советничката листа „За живот во Кочани“ ќе работи на подобрување на подобрување на животот на Ромите, младите и жените

автор: Т. Ајтовски
15 октомври, 2025
0

На прес конференцијата во населбата Трајаново Трло, што ја одржаа кандидатот за градоначалник на Кочани, Зоран Тодоров и кандидатската листа за советници „За живот во Кочани“, беше речено...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 16, 2025 - чет
Кочани, MK
17°C
облачно
облачно
2 m/s, SSE
58%
765.82 mmHg
thu10/16 fri10/17 sat10/18 sun10/19 mon10/20
облачно
16/13°C
облачно
15/11°C
слаб дожд
18/12°C
облачно
16/10°C
чисто небо
14/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?