Доброволното противпожарно друштво – Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од овој германски град.
ДПД Кочани ги презеде трошоците за транспорт, како и обврската за плаќање на данок и царински давачки кон државата.
Ова е седмо возило во возниот парк на ДПД Кочани. Станува збор за противпожарно возило марка Mercedes-Benz – автоцистерна со капацитет од 5.000 литри вода и погон на сите шест тркала (6×6), што го прави исклучително соодветно за интервенции при пожари на отворен простор и шумски пожари.
Со ова возило, кочанските доборцолни пожарникари значително ги зголемуваат своите оперативни капацитети, како и ефикасноста и брзината на интервенција на терен.

Традиционално, новото возило беше свечено пречекано во кругот на ДПД со воден мост.
Од ДПД – Кочани упатуваат благодарност и до нивните колеги од ДВД Борово од Хрватска, како и ДВД Стапар и ДВД Мраморак од Србија, кои имаат огромен придонес во целата организација.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






