Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Здружението „За здрав живот во Кочани“ бара Министерството за животна средина да не го продолжува рокот за градба на МХЕЦ Мала Река

автор: Т. Ајтовски
27 мај, 2023 21:00
во Кочани
време на читање: 1 мин.
A A
Здружението „За здрав живот во Кочани“ бара Министерството за животна средина да не го продолжува рокот за градба на МХЕЦ Мала Река

Граѓанското здружение „За здрав живот во Кочани“ упати писмена ургенција до Министерството за животна средина и просторно планирање со која бара на инвеститорот на мини хидроцентралата Мала Река кај браната Гратче да му се одземе дозволата за градба.

Во образложението се наведува дека концесионерот ДИС Енергија ДОО – Скопје не го испочитувал рокот за изградба на објектот, којшто требало да биде комплетиран до крајот на мај годинава, односно не се исполнети обврските од концесискиот договор.  

– Врз основа на договор за концесија бр. 112436/1 и три анекси, концесионерот имал обврска да изгради и да пушти во употреба мала хидроцентрала заклучно со 28 мај 2023 година. Непосредно пред истекот на рокот концесионерот поднел неаргументирано и неосновано барање за негово продолжување до Комисијата за постојан и редовен надзор за начинот на вршење на концесиската дејност. Согласно договорот за концесија, министерот за животна средина може да го продолжи рокот ако постои пропуст што не може да му се припише на концесионерот, но во конкретнот случај токму тој не почнал ниту со градба на пристапен пат, ниту на објектот за малата хидроцентрала. Договорот за концесија е склучен пред пет години и логично е прашањето зошто сега се бара продолжување од неколку месеци ако претходно немало градежни активности, истакна Зоран Тодоров од Здружението „За здрав живот во Кочани“.

Кочанските еко-активисти бараат министерот за животна средина да не потпишува нов анекс на договорот за продолжување на рокот за градба, со што ќе се спречи деградирањето на животната средина во заштитеното подрачје Осоговски Планини, каде што е локацијата на хидроцентралата.

Од Здружението „За здрав живот во Кочани“ истакнуваат дека ќе ги преземат сите правни постапки за утврдување одговорност на сите вклучени страни, ако на незаконит начин му се даде нов рок и можност на концесионерот да ја гради МХЕЦ Мала Река.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: мала рекахидроцентрала

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе
„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“
Кочани

„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2026 20:46
0

Под мотото „Кочани ви благодари“, попладнево во Кочани се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на сите институции, медицински тимови и поединци кои несебично помогнаа во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 16, 2026 - пон
Кочани, MK
12°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, SSW
58%
761.31 mmHg
mon03/16 tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20
слаб дожд
13/7°C
облачно
13/6°C
слаб дожд
10/6°C
облачно
11/5°C
снег
7/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?