Лице кое лажно се претставило како лекар успеало да измами повозрасен жител на Виница и да му земе околу 7 илјади евра во денарска противвредност, како надомест за медицинска интервенција на неговата ќерка.
Во четвртокот, на 8 јануари лицето кое се претставило како лекар, му се јавило на 77-годишниот виничанец и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога, а за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.
Лажниот лекар му побарал сума од над 430 илјади денари и откако се договориле, во неколку наврати виничанецот ги однел на договореното место. Откако се вратил дома, му се јавила неговата ќерка , по што сфатил дека е измамен. Истиот ден, околу 17:30 часот тој го пријавил случајот во ОВР – Виница.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






