Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов образложувајќи ја својата предизборна програма, заедно со кандидатите за советници, нагласува дека еден од приоритетите е и подобрување на инфраструктура и создавање посовремени услови за живот.
Следејќи ги барањата на граѓаните, во обраќањето тој нагласи дека во програмата е зацртана реконструкција на локалните патишта и решавање на безбедноста со мостот на реката Брегалница кај селото Теранци.

-Оштетувањата на мостот кај село Теранци се видливи, неопходна е брза санација или изградба на нов мост кај селото Теранци. Ова не е само кампања, ова е наша заедничка борба за иднината на нашата општина. Ние сме луѓе со корени од тука, луѓе кои ја сакаат ова земја, секое село и секоја улица. Со мојот тим советници ќе работиме со чесност, со труд и со љубов кон нашето место. Ќе ја обновиме инфраструктурата, ќе изградиме нови можности за младите, ќе се грижиме за секое семејство и секој граѓанин. Ова е наша должност кон предците кои го граделе овој крај и кон децата кои ќе го наследат, истакна Костадинов.

Во предизборната програма на Костадинов е предвидено асфалтирање на над 20 километри локални патишта, чистење и санирање на одводниот канал што поминува низ повеќе села и изградба на клучка кај селото Соколарци како директна врска со експресниот пат Кочани – Штип.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






