Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кривична пријава за ширење говор на омраза и навреди преку објави на интернет поднесе Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2025 16:54
во Политика
време на читање: 2 мин.
A A
Кривична пријава за ширење говор на омраза и навреди преку објави на интернет поднесе Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани денеска информираше дека е поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза и навреди преку социјалните мрежи на интернет.

На прес конференција пред Јавното обвинителство во Кочани, претседателката на Унијата на жени од Кочани, Марија Ананијева рече дека се работи за напади без никакви емоции и почитување на приватноста на нивните членки.

-Поднесовме кривична пријава против лица кои преку своите профили и преку администраторите на некои интернет страници, дел од нив се Јул медиа, Наше Кочани, шират говор на омраза и навреди врз неистомисленици. Особено безмилосна игра со човечки емоции претставуваат политичките објави на сметка на нашата членка, мајка која го загуби своето дете во трагедијата во „Пулс“. Ова се објавите во кои политичките канибали, за цел на локални избори 2025 се служат со најдолни навреди базирани на загуба и солзи. Ваквите објави се најсурова злоупотреба на човечката болка и обид за двојна виктимизација на жртвите, со единствена цел одредени општествени политички маргиналци да добијат внимание и доверба, и шанса. Таквото омаловажување и газење врз човечкото достоинство е недозволиво, нечовечно и мора да добие институционален одговор. Сакаме јавно да порачаме секој граѓанин, без исклучок, има право да учествува во јавниот живот и во донесувањето на одлуки, тоа право никој нема да му го одземе со навреди, лаги и омраза. Во пресрет на почетокот на кампањата на локалните избори 2025 година го повикуваме Основното јавно обвинителство за брза и навремена реакција за спречување на ова политичко канибалство на безидејните и ја повикуваме јавноста и сите чесни луѓе заедно да се спротивставиме на ваквите валкани кампањи, истакна Ананијева.

Беше упатен повик до сите учесници во изборниот процес, до кандидатите за градоначалници и за советници и до носителите на листи јавно да го осудат овој начин на политичко дејствување базиран на лична дискредитација на учесниците во локалните избори 2025 година.

На прес конференцијата се обрати и пратеничката Жаклина Пешевска, која е претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со оглед на ситуацијата што се случува во Кочани најостро го осудувам говорот на омраза и линч кон Александра Соколова којашто е кандидатка за советничка. Нападот кон Александра Соколова е напад кон сите мајки, татковци и семејства кои ги изгубија своите најмили во пожарот во „Пулс“. Оттука, наместо да бидеме среќни што се интегрирани во општеството, што учествуваат во носењето на одлуки во општините и во општеството, некој се дрзнал да ги линчува. Затоа ги повикувам сите институции доблесно да ја спроведат правдата, но во исто време ги повикувам сите женски организации, душегрижници и борци за женски права да го осудат овој говор на омраза. Тука го повикувам Форумот на жени од СДСМ да го осуди овој говор на омраза, како и Клубот на пратенички којшто го води Јована Тренчевска и повторно ќе повикам на разум, затоа што навистина донесовме низа документи, резолуции, кодекси за фер и демократски избори, само треба доблесно да се почитуваат, достоинствено да ја водиме оваа кампања којашто ќе следи за локалните избори, истакна Пешевска.

Беше речено дека засега говорот на омраза е само на социјалните мрежи, но не треба во јавноста да се креира лош впечаток за луѓето кои го изгубиле најмилото во трагедијата во Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: основно јавно обвинителство - кочаниунија на жени на вмро-дпмне

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во Кочани е отворена Регионална канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ
Политика

Во Кочани е отворена Регионална канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ

автор: Т. Ајтовски
30 декември, 2025 13:46
0

Потпретседателот и пратеник на ЗНАМ во Изборната единица 3, Павле Арсоски денеска во Кочани отвори регионална пратеничка канцеларија за контакт со граѓаните. Отворањето на оваа канцеларија е во...

прочитај повеќе
Капацитетот на градинката  „Павлина Велјанова“ надминат за една четвртина, на листата на чекање има уште 150 дечиња
Политика

ОО СДСМ – Кочани: ДПМНЕ ја продолжува партизацијата на институциите, по седми пат исто лице назначено за директор на градинката

автор: Т. Ајтовски
25 ноември, 2025 12:23
0

Почитувани, „новото'' ДПМНЕ продолжува со старата пракса на поставување на кадри со класична  партизација и клиентелистичко однесување. Иако граѓаните очекуваа да се побрза со отворање на новата градинка...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 13, 2026 - пет
Кочани, MK
14°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SSW
43%
763.57 mmHg
fri03/13 sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17
чисто небо
14/6°C
чисто небо
14/3°C
облаци
14/6°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?