Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Министерот за земјоделство Николовски посети корисници на државна поддршка за мали семејни бизниси во Виничко

автор: Т. Ајтовски
20 февруари, 2024 17:28
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Министерот за земјоделство Николовски посети корисници на државна поддршка за мали семејни бизниси во Виничко

Со измените во законската регулатива успешно ја реализиравме нашата визија од пред четири години да создадеме две илјади мали оператори со храна, а тоа го остваривме за само две години и денес во регистарот на Агенцијата за храна има 2.508 оператори со семејни бизниси, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски, при денешната посета на корисници на државна поддршка за развој на мали бизниси во општина Виница.

Заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски, министерот Николовски направи увид во искористениот грант од 10 илјади евра за развој на семеен бизнис за производство и пласман на јагоди во виничкото село Блатец.

– Во Виничко има голем интерес кај младите сточари да се регистрираат како мали оператори со храна и од праг да го продаваат своето сирење, а одличен пример е семејниот бизнис во селото Блатец каде има млад производител на јагоди, кој сам ги замрзнува, пакува и како финални производи ги пласира од куќен праг во околината на Виница. Исто така, земјоделците овде ги користат нашите мерки за изградба на силоси, набавка на приплоден добиток, за трактори, потоа новата мерка за бизнис план, а имаме и 26 успешно реализирани ИПАРД проекти, истакна министерот Николовски.

Во спроведувањето на мерките за поддршка во фокусот се малите оператори со храна, на малите фармери и на семејните бизниси, малите дестилерии и винарии, како и на младите земјоделци и жените земјоделки.

-Тие останаа во руралните средини и ги користат можностите од новите правилници за флексибилност, односно продажба на традиционалните производи од праг. Во голем број села во државата може да се видат корисниците на грантови за набавка на опрема и за ангажирање стручни лица за производство на традиционални продукти од животинско и неживотинско потекло. Специфично за Виница е што овде се враќаат и малите семејни винарии, а веќе имаме регистрирано три нови кои ги користат поволностите од измените од 2019 година во законските прописи за вино, додаде Николовски.

Потврда за успехот на новите мерки за поддршка на малите производители квалитетно македонско вино, според министерот за земјоделство е што од 71 мала винарија, по само четири години регистрирани се вкупно 255 винарии, од кои 173 се мали бутик винарии. Од нив пак, за 144 била обезбедена поддршка со грант за набавка на опрема и обезбедување стручни лица.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: блатецминистерство за земјоделствосемејни бизниси

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“
Регион

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“

автор: Т. Ајтовски
8 март, 2026 09:42
0

Месната заедница Блатец упати официјално барање до Владата, како и до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и до Министерството за животна средина и просторно планирање за...

прочитај повеќе
Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата
Култура

Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата

автор: Т. Ајтовски
6 март, 2026 19:05
0

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Виница беше отворена уникатната изложба на стари предмети насловена „Спомени на едно време“. Настанот, кој привлече голем интерес...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
12°C
облаци
облаци
0 m/s, NNW
63%
756.81 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
-/9°C
неколку облаци
14/3°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/8°C
снег
5/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?