Одличен успех постигнаа младите членови на карате клубот Кочани на меѓународниот турнир Тетово опен што се одржа викендов.

Нашиот клуб учествуваше со десет каратисти кои освоија вкупно 14 медали.
Прво место и златен медал за каратисти родени 2015 година освоија Алексеј Ристов до 35 и Лана Ристова над 40 килограми, а Илина Костадинова беше најдобра кај каратистките родени 2013 година до 45 килограми. Лука Златков беше првопласиран меѓу каратистите од генерацијата 2012 до 55 килограми, а Наталија Карова во тежинска категорија до 50 килограми беше најдобра меѓу сениорките.
Второ место и сребрен медал освоија Ана Костадинова 2015 +40 кг, Катерина Стојановска 2013 +50 кг, Томислав Ристов кадети -52 кг и Душанка Ристова 2012 -44 кг. Дел од каратистите учествуваа и во друга конкуренција и освоија трето место и бронзен медал: Илина Костадинова 2012 -44 кг, Дамјан Симеонов 2014 -35 кг, Томислав Ристов 2012 -50 кг, Душанка Ристова кадети -47 кг и Дамјан Симеонов 2015 -35 кг.
Организатор на турнирот беше карате клубот Фати од Тетово, со поддршка од Карате федерацијата на Македонија.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.