Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Најсовремен електрохируршки генератор доби Општата болница – Кочани како донација од Сојузот на Лајонс клубови на Македонија

автор: Т. Ајтовски
26 ноември, 2025 15:25
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Најсовремен електрохируршки генератор доби Општата болница – Кочани како донација од Сојузот на Лајонс клубови на Македонија

Општата болница со проширена дејност – Кочани доби најсовремен електрохируршки генератор на јапонскиот производител Olympus, што како донација го обезбеди Сојузот на Лајонс клубови на Северна Македонија – Д132 од Скопје.

Се работи за уред што овозможува прецизно и контролирано сечење на ткивото при оперативни зафати и коагулација на крвта, што на медицинскиот тим му дава стабилна и безбедна енергија при различни хируршки интервенции. Генераторот се користи во секоја гранка на хирургијата – од општа хирургија, урологија и гинекологија до реконструктивни и специјализирани интервенции.

На предавањето на опремата присуствуваа претставници од Сојузот на Лајонс клубови, како и од кочанската здравствена установа.

-Донацијата е од срце, од нашите 30 клубови и околу 700 Лајонс членови. Ние сме сите волонтери, обични граѓани кои сакаат да дадат онолку колку што можат од себе за доброто на нашите сограѓани. Имавме исклучителна помош од нашите Лајонс пријатели од Словенија, Хрватска, од далечна Австралија и од компанијата „Некст медикал“. Сигурна сум дека во овој апарат ќе ви овозможи уште подобро да ги искористите вашите, веќе докажани, високи стручни перформанси и во третманот на пациентите во Кочани и во регионот, истакна Маја Костовска, гувернер на Лајонс дистриктот Д132 – Македонија.

-Денеска имам чест и задоволство да го преземеме новиот апарат за Одделението за хируршки болести, тоа е електрохируршки генератор којшто ни е донација од Лајонс интернешенал клуб со здружени сили значи, како што кажаа претходно дека ни се овозможи да имаме да го имаме овој апарат во кочанската болница којашто морам да кажам дека претставува прва болница во до источната граница, којашто го покрива овој регион и се надевам дека во иднина ќе ни послужи за изведување на посложени хируршки интервенции во болницата, истакна Катерина Паниќ Мирчовска, директорка на Општата болница со проширена дејност – Кочани.

Од компанијата „Некст медикал“ истакнаа дека се работи за најсовремен уред што се користи во хирургијата и ќе може да се користи и при натамошните интервенциите кај повредените во „Пулс“.

-Овој модерен електрохируршки генератор со висока технологија СГ410 на „Олимпус“ овозможува широка примена во сите области, покрај во отворената хирургија, гинекологија, урологија, лапароскопија, исто така и во други интервенции, како што се и ендоскопските. Во однос на тоа што овој електрохируршки генератор би помогнал, конкретно за пациентите коишто беа засегнати во пожарот во Кочани, тој е со автоматизирана енергија ни овозможува приспособување на енергијата според ткивото, со цел концизно, точно и прецизно отстранување на оштетените делови коишто понатаму ќе бидат погодни за трансплантација на нова кожа, истакна Жана Хаџи Поповска, регионален менаџер во „Некст медикал“.

Од Сојузот на Лајонс клубови на Македонија нагласија дека во донирањето на опремата се вклучиле и нивни колеги од други држави.

-Во Вуковар имавме заедничка акција кога дознавме за несреќата во Кочани и тоа сите ги потресе во регионот. Од Бугарија даруваа крв, а „лајонсите“ од Словенија и Хрватска финансиски го помогнаа во голем дел овој проект заедно со членовите на нашите клубови. Благодарност за сите членови на Лајонс клуб во Македонија, Хрватска, Словенија и насекаде, исто така да не ги заборавам од Австралија, коишто несебично донираа средства за овој апарат. Се надевам дека ќе послужи за неговата основна дејност и би сакале после некое време добиеме информации какви се бенефитите од целата работа, истакна Харалампи Коцев, поранешен гувернер во дистрикт Д132 – Македонија.

Новиот апарат помага во третман на пациенти со изгореници, односно овозможува прецизно отстранување на оштетеното ткиво, намалување на крварењето и создавање чиста површина подготвена за кожни трансплантации со пократко време на интервенција и минимална траума на здравото ткиво.

Сојузот на Лајонс клубови -Д132 во Македонија постои од 1997 година, во дистриктот членуваат 30 Лајонс клубови со околу 600 членови – волонтери.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: донациилајонс Д132 македонијаопшта болница со проширена дејност - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
4°C
облачно
облачно
1 m/s, NE
88%
753.81 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
облачно
6/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?