Одделението за неврологија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, доби нов апарат – електромиограф, што се користи за испитување на функциите на периферниот нервен систем, односно на периферните нерви и мускули во состојба на мирување и движење.
Апаратот го донираше општествено одговорната компанија ИГМ Трејд од Кавадарци, а со него ќе работи медицински тим кој е обучен и сертифициран на Клиниката за неврологија во Скопје.

Со електромиографот може брзо да се потврди, да се постави дијагноза за болеста или повреди на нервниот систем, за дисфункција на мускулите или проблеми со преносот на сигналите од нервите до мускулите.
По завршувањето на административните процедури, опремата ќе биде ставена во функција со што ќе им се овозможи на пациентите кои имаат потреба од вакви испитувања да не патуваат до Скопје.



©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






