Младите спортисти – членови на карате клубовите „Партизан“ и „Кочани“ ги продолжуваат успешните настапи на домашните меѓународни натпреварувања. Потврда за тоа се освоените вкупно 32 медала, од кои три златни, девет сребрени и дваесет бронзени, на меморијалниот меѓународен карате турнир „Никола Грданоски – Нике“, што денеска се одржа во Скопје.
Екипата на КК „Кочани“ ја претставуваа 23 натпреварувачи, од кои седум настапија во кати, а 16 во борби.

Две први места и златни медали освои Алексеј Ристов кој се натпреваруваше во борби во конкуренција на каратисти од генерацијата 2015/2015 во тежинска категорија до 35 кг, како и во конкуренција на генерацијата 2016 и помлади во истата тежинска категорија.

Второпласирани, со сребрени медали, од Скопје се вратија Ивица Тодоров 2016 и помали -30кг, Јана Јанчева 2016 и помали +32кг, Дамјан Симеонов 2014/2015 -30кг, Катерина Стојановска 2012/2013 +50кг и Лука Златков 2012/2013 -55кг.
Трето место и бронзен медал освоија Горан Ѓоргиев 2016 и помали +35кг, Давид Давитковски 2016 и помали -35кг, Еда Арифова 2014/2015 -44кг, Лана Ристова 2014/2015 +44кг, Калин Сандев 2014/2015 +45кг, Ангелчо Лазаров 2014/2015 -45кг, Томислав Ристов 2012/2013 -45кг, Душанка Ристова кадети -47кг, Катерина Стојановска кадети +54кг и Лука Златков кадети -57кг.

Во натпреварите во кати Давид Тенев освои второ место и сребрен медал, а Петар Стаменков, Јоана Митрова, Ања Богатиновска, Даријан Богатинов, Иван Сантов и Марко Тодоров беа третопласирани и се закитија со бронзени медали.
На турнирот во Скопје карате клубот „Кочани“ учествуваше со 6 натпреварувачи, сите во конкуренција на борби во 10 тежински категории.

Јован Арсов имаше одличен настап и освои златен медал во јуниорска конкуренција до 76 кг, како и два сребрени медала – кај јуниорите над 70 кг и кај кадетите до 70 кг. Второпласиран, со сребрен медал, заврши и кумите тимот од генерацијата 2014/2015 во состав: Стефан Донев, Лука Манасијев и Јордан Иванов.

Исто така, Стефан Донев освои уште два бронзени медала откако беше третопласиран кај натпреварувачите од генерацијата 2015 во тежинските категории до 30 и до 35 кг. Покрај него, два бронзени медала освои и Алексија Данева од генерацијата 2015 во тежински категории до 44 и над 44 кг.
На Меморијалниот меѓународен карате турнир „Никола Грданоски – Нике“ настапија карате клубови од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина и Косово.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






