Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Кочани организираше рачно зажнејување во рамки на Деновите на кочанскиот ориз, Ленче Стојанова доби признание за најдобар оризопроизводител

автор: Т. Ајтовски
5 октомври, 2025 11:46
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
Општина Кочани организираше рачно зажнејување во рамки на Деновите на кочанскиот ориз, Ленче Стојанова доби признание за најдобар оризопроизводител

На површините на Институот за ориз во Кочани денеска беше организирано традиционалното рачно зажнејување во рамки на манифестацијата Денови на кочанскиот ориз.

Членови на Здружението на пензионери – Кочани со срп во рака и со благослов за добар принос ги ожнеаа првите снопови и официјално го означија почетокот на овогодишната жетвена сезона.

-Да бидеме живи и здрави, да бидеме среќни, да има мир и соживот меѓу луѓето. Овој ден е празник за Кочани и за кочанскиот ориз, за кочанското бело злато. Да има добар род, да има добар откуп и добра цена. Да сме живи и здрави, за многу години и наздравје, рече еден од повозрасните жетвари.

Поради трагичниот пожар од пред шест месеци, овогодишното зажнејување беше симболично, без присуство на гости и официјални делегации, како и без музичка програма.

Присутните на настанот ги поздрави в.д. градоначалникот Венко Крстевски при што го додели и признанието за најдобар оризопроизводител што го доби Ленче Стојанова, која во 2024 година има 55.450 кг предадена арпа и поседува 46 ха земјоделско земјиште.

-Постарите генерации најдобро знаат, посебно оние коишто живееле во Југославија, дека Кочани како најголем производител на оризот во Источна Европа своевремено ги снабдувал потребите на целата држава. Во денешно време, за жал, таа традиција полека се губи, меѓутоа има позитивни примери, како што е Ленче Стојанова на која во оваа прилика сакам да ѝ ја честитам заслужено добиената награда и посакам успеси во понатамошната работа. Ова претставува вистински и позитивен пример дека и жените имаат свое место во земјоделието и пример дека можат рамноправно со мажите да се борат на секое поле. Ова е одлуката за најуспешен оризопроизводител, да посакам успеси во понатамошната работа, да бидете светол пример и за другите жени, да го следат вашиот пат и се надевам дека следните години ќе имаме што е можно поголеми приноси во оризот и подобра откупно цена, истакна Крстевски.

Наградената Стојанова нагласи дека признанието е дополнителен мотив да продолжи со земјоделство и да постигнува што подобри резултати.

-Се занимавам со земјоделие повеќе од две децении, обработувам површина со ориз околу 20 хектари. Оризот е една благородна култура којашто ја обработуваме со генерации, ја имам наследено од моите предци коишто исто така се занимавале со ориз и должност ми е да ја пренесам и на моите идни поколенија, истакна Стојанова.

На рачното зажнејување на оризот присуствуваа и неколку земјоделци кои дошле да проверат дали нивните ниви се подготвени за жетва.

-Треба да биде, се надеваме, ќе биде мачно, многу вода, дожд падна и повисоките семиња, конкретно „сан андреа“ ќе попаѓаат и потешко ќе се жнеат, а тие што се поситните и пониски ќе немаат проблем. Ако даде до 800 килограми ќе биде голем успех, а над 800 супер, но ќе видиме. Самите гледате, препаратите за прскање и сами не знаеме од каде се, што се. Прскавме еднаш, прскаме два пати и се откажеме, просото не  е уништено, трева има, така што сме многу разочарани. Тука треба да се води сметка за препаратите за прскање, да не се продаваат по гаражите, по шталите, да има институција која ќе гарантира за квалитетот на препаратите, истакна Љубе Ѓорѓиев, оризопроизводител од Кочани.

Во рамки на настанот професори од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ го претставија проектот „КАРБОНИКА – Јаглеродна иницијатива за климатски отпорно земјоделство“.

-Јаглеродното земјоделство е научно докажан и практично применлив пристап за подобрување, односно адаптирање на земјоделството кон климатските промени. Во комбинација со одредени иновативни практики придонесува за намалување на емисијата на стакленички гасови за време на производството на земјоделските култури, односно за зголемено зафаќање на стакленичките гасови и нивно складирање во почвата и во биомасата, истакна Верица Илиева, професорка на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Поддршка во организацијата на овогодишното рачно зажнејување дадоа и членовите на фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, а за присутните на настанот беа послужени традиционални специјалитети од ориз.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: денови на кочанскиот ориззажнејување ориз со српздружение на пензионерите - кочаниопштина кочанифа „љупчо сантов“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе
Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор
Кочани

Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 20:38
0

Во емотивна атмосфера, со почит кон минатото и јасна визија за иднината, во Кочани се одржа панел-дискусија по повод една година од основањето на Ротари Феникс центарот. Настанот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 13, 2026 - пет
Кочани, MK
13°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SSW
47%
764.32 mmHg
fri03/13 sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17
чисто небо
14/6°C
чисто небо
14/3°C
облаци
14/6°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?