Општина Кочани и Здружението на Роми „Авена“ почнуваат двегодишен проект „Y-REACH – Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи“, што ќе се реализира преку програмата Еразмус +.
Партнери во проектот се Општина Света Ана и невладината организација Men A Lespwa – Асоцијација за помош на реформската црква од француската територија Гваделуп што се наоѓа на два острова во Карибите, како и невладината организација Фонд за превенција на криминалот ИГА и Општина Пазарџик од Бугарија.
Целта на проектот е дизајнирање и имплементирање на меѓудисциплинарна програма за пренасочување на адолесценти.

-Специфична е проблематиката и бара специфичен пристап. Се работи за вклучување на млади во судир со законот во програма за реинтеграција, каде што ќе учат и одредени вештини, ќе бидат вклучени на онлајн платформа за учење. Се надеваме дека ќе имаме резултати и секако очекуваме добра соработка, градење на капацитети. Овде во дел од проектот се Република Франција и Република Бугарија со општините и невладиниот сектор и очекуваме една добра и успешна работа, истакна Аника Горгиева Илијевска од Општина Кочани.
На воведната средба што се одржа во Кочани, претставниците од партнерските општини и граѓански здруженија од Гваделуп и од Бугарија беа запознати со географските карактеристики и специфичности, како и со предизвиците со кои се соочуваат младите во нашата општина.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






