Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Промовиран кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов и кандидатската листа за советници од ВМРО-ДПМНЕ

автор: Т. Ајтовски
2 октомври, 2025
во Политика
време на читање: 3 мин.
A A
Промовиран кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов и кандидатската листа за советници од ВМРО-ДПМНЕ

На предизборен собир што вечерва во Облешево го организираше коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше промовиран кандидатот за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов, а претставена беше и кандидатската листа за членови на општинскиот Совет.

Пред присутните партиски членови и симпатизери зборуваше претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, при што упати критики кон опозицијата, нагласувајќи дека постојат две неформални коалиции меѓу СДСМ, ДУИ и Левица, како и меѓу СДСМ и градоначалник на скопска општина кој поради криминал се наоѓа на американската црна листа. Додаде дека нивното работење е насочено против интересите на граѓаните и на државата, а ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори нуди вистински кандидати за градоначалници и за советници.

-Ова се избори каде се одлучува за иднината на вашето општество, но и се одредува правецот во којшто сакате да се движи Македонија во иднина. Едно е сигурно – Македонија не може повеќе да чека, мора да има резултати, големи крупни чекори напред, а тоа можеме да го постигнеме заедно, со силна волја и обединети. На овие избори да го поддржиме Јорданчо Костадинов, кандидат за градоначалник во општина Чешиново-Облешево, тој е чесен човек, домаќин, баш таков како што е потребен. Тој ќе биде вашиот човек во општината, тој е оној што не те остава сам, овојпат Јорданчо е твојот градоначалник. Човек кој се докажа со работа, со посветеност и со резултати, човек на кој можеш да се потпреш затоа што знае дека да бидеш човек тоа значи да бидеш од корист и на другите. На овие избори одиме со програма која е вистинскиот избор за вашите општини, настапуваме со кадри кои се вистинскиот извор за развој на општините, истакна Мицкоски.

Обраќајќи им се на пристуните, кандидатот за градоначалник Јорданчо Костадинов нагласи дека ја бара поддршката од гласачите со крената глава, чист образ и со визија за иднината како треба да се развива и кои се приоритетите на граѓаните на општина Чешиново-Облешево.

-Уште во првата година од мојот мандат грижата за нашите најмили, децата, ја ставаме на прво место. Субвенција за секое новородено дете и субвенција за секое новозапишано прваче. Субвенција за секое талентирано дете и за секој студент од нашата општина. Двете основни училишта од нашето општина целосно ќе се модернизираат по европски стандарди, нашите деца тоа го заслужуваат. Секој млад брачен парк што ќе одлучи да гради нов дом во нашите села ќе биде ослободен од сите комунални административни такси во општината. За сите пензионери ќе обезбедиме соодветна просторија за нивно релаксирано и опуштено дружење и организирање. Социјална помош и грижа за ранливата категорија на луѓе. Со домаќинско планирање на средствата од буџетот од Општината, како иден градоначалник на Чешиново-Облешево ќе ги помагаме сите спортски клубови и ќе ги одржуваме постоечките спортски терени и ќе градиме спортски игралишта во сите населени места. Земјоделието е главна стопанска гранка и затоа јас ќе биде градоначалник ќе формирам тело кое на нашиот министер за земјоделие ќе му понуди конкретни мерки и предлози за земјоделската политика и за оризопроизводството, истакна Костадинов.

Во претставувањето на дел од предизборната програма тој рече дека внимание ќе биде посветено и на здравата и чиста животна средина, поради што ќе се залага за набавка на ново возило за собирање отпад, а со поддршка од Владата до крајот на мандатот ќе работи на решавање на проблемот со водата за пиење.

На предизборната промоција во Облешево зборуваше и пратеникот Драган Ковачки, носител на листата за пратеници во Изборната едница 3 на последните парламентарни избори. Тој истакна дека заедничка цел е да се менуваат и развиваат сите општини во регионот за што е потребна е силна поддршка од Владата, а токму тоа го имаат со актуелната власт.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јорданчо костадиновлокални избори 2025општина чешиново - облешево

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски
Кочани

Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2025
0

Владко Грозданов, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Кочани откако во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласови пред...

прочитај повеќе
Митко Костадиновски во Виница, Ванчо Митев во Зрновци и Јорданчо Костадинов во Чешиново-Облешево победија во вториот круг од локалните избори за градоначалник
Политика

Митко Костадиновски во Виница, Ванчо Митев во Зрновци и Јорданчо Костадинов во Чешиново-Облешево победија во вториот круг од локалните избори за градоначалник

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2025
0

Вториот круг од локалните избори за градоначалник во општините од микрорегионот ја потврди состојбата од гласањето од пред две недели, а единствена промена во резултатот имаше во општина...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 18, 2025 - вто
Кочани, MK
14°C
облачно
облачно
5 m/s, S
84%
761.31 mmHg
tue11/18 wed11/19 thu11/20 fri11/21 sat11/22
слаб дожд
14/12°C
слаб дожд
15/12°C
облачно
17/12°C
слаб дожд
16/12°C
слаб дожд
15/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?