Вкупно шест кандидати влегуваат во трката за градоначалник на Кочани на претстојните локални избори, што е најголем број досега од независноста на државата.
До крајниот рок за поднесување на пријавите што истече на полноќ, до Општинската изборна комисија своја кандидатура доставија Венко Крстевски, поддржан од група избирачи, Зоран Тодоров поддржан од група избирачи, Влатко Грозданов поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Христов поддржан од СДСМ, Жаклина Филипова Свеќароска од Левица и Даниел Глигоров од партијата Единствена Македонија.
Слично како и кај кандидатурите за прв човек на Општината, најголем број кандидатски листи досега – вкупно 9, се поднесени и за членови на Советот на Општината.
Носители на листите се:
- Група избирачи со Благица Сабовљевиќ Стоименова,
- Група избирачи со Аки Акиов
- Група избирачи со Влатко Здравков
- партија ЗНАМ со Суад Мехмед
- партија Левица со Ванчо Мишовски
- партија СДСМ со Александра Коцева
- партија ВМРО-ДПМНЕ со Александар Андов
- коалиција Искуство за успех (Либерално-демократската партија Граѓанската опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на ромите од Република Северна Македонија) со Катерина Христова
- партија Граѓанска иницијатива ГРИН со Благој Илиевски
Согласно Упатството за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локалните избори од Државната изборна комисија, секоја посебна листа на кандидати поднесена од група избирачи, потребно е да има обезбедено посебен ЕДБ и отворена посебна транскациска сметка за изборна кампања.
Првиот круг од локалните избори е закажан за 19 октомври.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






