Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот

автор: Т. Ајтовски
23 септември, 2023 11:23
во Кочани, Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот

Ротари клубот Кочани – Виница го промовираше проектот „Авантури на две тркала – по патот на комарците“, чија цел е промоција на велосипедизмот, културно-историските, природните и другите обележја на Кочанската Котлина.

Проектот е дел од одбележувањето на Светскиот ден без автомобили и Европската недела на мобилност, при што е направено дигитално мапирање на велосипедски патеки во должина од 60 километри. Тие се вклопени во осум различни рути и за нив е изработена и бесплатна апликација што може да се инсталира на андроид мобилни уреди.

-Мапирањето на патеките за велосипедизам се реализираше во изминатите шест месеци, изработена е веб платформа што може да се посети преку адресите velopateki.mk и bikeroutеs.mk од каде може да се преземе апликацијата. Овде можат да се најдат сите информации за проектот, а ќе има и податоци за важните знаменитости и обележја, понудата на сместувачките и угостителските капацитети и важните културно-уметнички настани во текот на годината. Тоа значи дека проектот има еколошка, но и туристичко-промотивна цел, односно со мапирањето на патеките сакаме да ги промовираме здравите навики и заштитата на животната средина преку возење велосипед, со вклучување на децата од претшколска возраст, младите, но и повозрасните лица, домашни и странски посетители и туристи, истакна Зафир Наков, претседател на Ротари клубот Кочани – Виница.

Веб платформата во рамки на проектот ќе биде отворена и постојано ќе се надополнува со нови информации и податоци, при што се нуди можност за промоција на локалните бизниси, кои можат да остварат и електронски контакт. Општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, како партнери во проектот, презедоа обврска да постават информативни паноа и табли за знаменитостите на нивна територија.

Поддршка за реализација на проектот дадоа и УСАИД, Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, Сојузот на Ротари клубови на Македонија и велосипедскиот спортски клуб „Електрика“ од Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: велосипедизамротари клуб кочани - виница

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
3°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, ENE
70%
762.07 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
одвоени облаци
14/3°C
одвоени облаци
14/6°C
неколку облаци
14/7°C
облачно
13/8°C
снег
5/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?