Министерството за земјоделство ги проверува правните акти според кои досега се реализирани активнсотите на проектот за изградба на браната Речани. Анализата на документацијата треба да покаже колку било планирано, а колку од тоа е исполнето на терен. Тоа не значи дека проектот ќе биде запрен, туку од ресорното министерство сакаат да добијат целосна слика на она што досега е довршено, за да може да се планираат натамошните чекори во обемната инвестиција.
Според министерот Љупчо Николовски, проектот е во напредна фаза и е влезен во плановите за реалзиација за оваа година, иако биле констатирани одредени пропусти во подготовката на докуметацијата.
– Министерството и Управата за водостопанство ги интензивираа сите чекори и подготвки кои што се однесуваат на добивање на градежни дозволи за овие капитални објекти каде што како инвеститор се наоѓа Министерството. Биле запоставени многу од овие процедури кои се и во матичното министерство, но и во Министерството за транспорт и врски, коишто не биле направени до сега, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Министерот Николовски не даде детали за пропустите во процедурата за браната Речани, но тоа не значи запирање на реализацијата на проектот. Истовремено, тој најави дека освен за оваа капитална инвестиција, Министерството внимание ќе посвети и на другите слични објекти во регионот.
– Ние предвидуваме и низа други проекти на поврзување на системи, рехабилитација на постоечките, обнова на старите. Во целосна комуникација сум со сите градоначалкници од регионот, ја разбирам потребата за сите овие проекти и верувајте дека ќе ја имаат мојата поддршка, додаде Николовски.
Министерството за земјоделство планира да вложи околу 10 милиони евра за реконструкција на системите за водоснабдување на земјоделските површини во целата држава. Дел од овие средства се наменети и за ваквите системи во источниот регион.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






