Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Се уредуваат кружните текови кај Гимназијата и во Стришани, наскоро ќе се промени правецот на возење по „Маршал Тито“ и „Кеј на Револуцијата“

автор: Т. Ајтовски
20 март, 2024 12:56
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Се уредуваат кружните текови кај Гимназијата и во Стришани, наскоро ќе се промени правецот на возење по „Маршал Тито“ и „Кеј на Револуцијата“

Општина Кочани го комплетира уредувањето на кружните текови кај двојниот мост на спојот на „Маршал Тито“ со улиците „Стево Теодосиевски“ и „Тодосија Паунов“ и во Стришани на „Димитар Влахов“ со „Страшо Ербапче“  и „Стево Теодосиевски“.

Согласно сообраќајната документација за утврдениот режим, како и по добиената согласност од СВР – Штип и издаденото решение за режим на сообраќај , на кружните текови се поставува сообраќајна опрема за подобро регулирање на движењето на возилата, но и поурбан изглед на целата околина. Инсталирањето на опремата го изведуваат работници на компанијата „Бојта инг“ од Скопје која беше избрана на тендерската постапка, по што беше потпишан договор во бруто износ од над 2,6 милиони денари.

-Претходното уредување на кружните текови со столпчиња беше привремено, а ова е во согласност со сообраќајната документација. Во временскиот период што беше најавен, согласно правната регулатива, тендерските објави и потпишаните договори со изведувачите и завршените процедури, денеска се почнуваме со оперативната теренска работа. По поставувањето на новата сообраќајна опрема, кружните текови ќе бидат хортикултурно уредени, истакна Жаклина Пауновска Анѓелковиќ, овластен инспектор за патен сообраќај.

Следни чекори ќе бидат поставување вертикална и хоризонтална сигнализација, а потоа и промена на режимот на сообраќај со еднонасочен на одредени улици во централното градско подрачје на Кочани.

Според најавите од стручните служби во Општината, ќе се промени правецот на движење на возилата, односно на улицата „Маршал Тито“ од мостот кај Шопинг центарот ќе се вози само во правец кон двојниот мост кај Гимназијата, а на „Кеј на Револуцијата“ од кружниот тек кај Полицијата ќе се вози само во правец кон крстосницата со „Браќа Ставреви“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина кочанисообраќајсообраќајна инфраструктура

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе
„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“
Кочани

„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2026 20:46
0

Под мотото „Кочани ви благодари“, попладнево во Кочани се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на сите институции, медицински тимови и поединци кои несебично помогнаа во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 16, 2026 - пон
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, S
61%
761.31 mmHg
mon03/16 tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20
слаб дожд
13/7°C
облачно
13/6°C
слаб дожд
10/6°C
облачно
11/5°C
снег
7/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?