Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Словенечките Ротари клубови од Целје и Љубљана ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на последиците од трагичниот пожар во Кочани

автор: Т. Ајтовски
17 мај, 2025 14:54
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Словенечките Ротари клубови од Целје и Љубљана ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на последиците од трагичниот пожар во Кочани

Ротари клубот Кочани-Виница потпиша договор за соработка со партнерските Ротари клубови од Целје и Љубљана во Република Словенија, со што тие ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на последиците од трагичниот пожар во клубот „Пулс“ и за нормализирање на состојбата во Кочани.

На потпишувањето на договорот присуствуваа претставници и членови на трите клуба, кои истакнаа дека заеднички ќе работат на обезбедување финансиска, материјална, медицинска, стручна, психолошка и секаков друг вид помош во наредниот петгодишен период.

-Нашите словенечки пријатели беа меѓу првите кои ни подадоа рака за да помогнат, почнаа инцијатива за формирање посебна фондација и со нивна помош целиот комплексен проект нема да биде фокусиран само во Словенија, туку и во други држави од Европската унија. Многу ни значи поддршката во овие моменти, а тие понудија соработка во едукација на стручни кадри, како и материјална поддршка во сите области што се неопходни за санирање на последиците од пожарот. Се работи за обуки на противпожарната служба и здравствениот персонал, заеднички активности за оформување центар за младите во Кочани, сѐ со цел младоста да не ја изгуби креативноста и надежта за својата иднина, истакна Зоран Тодоров од Ротари клубот Кочани-Виница.

Словенечките ротаријанци нагласија дека веќе имаат искуство во давањето поддршка во кризни ситуации, особено по големите поплави во нивната земја пред две години.

-Ние тогаш бевме на првата линија за помош, иако таа катастрофа не може да се споредува со вашата, затоа што кај нас имаше само материјална штета, без жртви. Со договорот што го потпишавме во наредните пет години ќе ви бидеме на располагање за сите потреби и во зависност од тоа каква помош ќе е неопходна, ние се обврзуваме да ја покриеме. Не би зборувале за бројки, но подготвени сме да обезбедиме материјална помош за вашата болница, за вашите пожарникари, психолошка поддршка, ако е потребна некаква операција ќе обезбедиме и ќе испратиме лекари специјалисти од Словенија, од Германија и други европски земји. Ќе бидеме со вас, двапати месечно ќе ги координираме потребите за да можеме брзо да реагираме. Едноставно, ваши сме, истакна Фрањо Розман од Ротари клубот Целје, кој ќе ги координира активностите со другите Ротари клубови од Словенија.

Во поддршката од Ротари клубовите ќе се приклучат и реномирани словенечки компании, чии сопственици и менаџери се дел од ротаријанската заедница.

-Дојдов само за да кажам дека сакаме безрезервно да ви помогнеме, дека ќе застанеме на ваша страна. Не само во овој момент и за кратко, туку долгорочно. Воопшто не е важно што сум директор на позната фирма, овде сум како човек кој сака да помогне и благодарам што ни дадовте можност да го направиме тоа,  истакна Томас Томшич, претставник од Ротари клубот Љубљана.

Покрај Ротари клубовите од Целје и Љубљана, подготвеност за вклучување во иницијативата за помош на граѓаните од Кочани искажале и други клубови од Словенија, кои во меѓувреме почнале да се организираат за што побрзо да ја обезбедат потребната поддршка.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: ротари клуб кочани - виницахуманитарна помош

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, SE
71%
760.56 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
одвоени облаци
13/7°C
одвоени облаци
14/3°C
неколку облаци
14/7°C
облачно
13/8°C
снег
5/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?