Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советникот Венко Крстевски со 9 гласа „за“ избран за в.д. градоначалник на Кочани пред противкандидатот Гоце Марков за кого гласаа 8 советници

автор: Т. Ајтовски
14 април, 2025 14:31
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Советникот Венко Крстевски со 9 гласа „за“ избран за в.д. градоначалник на Кочани пред противкандидатот Гоце Марков за кого гласаа 8 советници

Советникот Венко Крстевски денеска беше избран за в.д. градоначалник на Општина Кочани. Кандидатурата на Крстевски со девет гласа „за“ ја поддржа советничката група на СДСМ, а воздржано гласаше советничката од Левица. Членовите на Советот од ВМРО-ДПМНЕ својата поддршка му ја додадоа на нивниот координатор Гоце Марков, кој исто така беше предложен за функцијата.

Изборот на в.д. градоначалник се одржа на денешната 62. седница на Советот на која оваа точка беше единствена на дневен ред, а дојде по оставката на градоначалникот Љупчо Папазов, кој е еден од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Лична кандидатура за в.д. градоначалник на седницата поднесе советникот Венко Крстевски, при што даде кратко образложение за причините поради кои се решил за таков потег.

Советникот Мирче Стојков на седницата истакна дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела писмена кандидатура за нивниот колега Гоце Марков.

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Кристина Атанасова Арсова на седницата јавно ја предаде својата оставка на функцијата. Образложи дека не прифаќа вакво политичко препукување особено што и самата е засегната бидејќи нејзиното дете е едно од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Кандидатите за в.д. градоначалник имаа кратки образложенија на своите кандидатури, по што на седницата беа изнесени низа лични дискредитации и навреди за и меѓу предложените кандидати. Поради тоа претседателот на Советот, Лазо Митев даде едночасовна пауза.

По паузата беше предложено изборот на в.д. градоначалник да се направи со поединечно гласање, при што имаше два круга. Во првиот круг, според законските одредби, изборот е од вкупниот број членови на Советот. На гласањето и двајцата кандидати добија по 9 гласа „за“, откако советничката од Левица гласаше воздржано, а советничката Кристина Атанасова Арсова претходно ја напушти седницата.

На повтореното поединечно гласање во вториот круг кандидатот Венко Крстевски доби 9, а за неговиот противкандидат Гоце Марков гласаа 8 советници. По таквиот резултат, претседателот на Советот на Општината констатираше дека за в.д. градоначалник е избран Крстевски.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: в.д. градоначалникопштина кочанисовет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе
Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор
Кочани

Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 20:38
0

Во емотивна атмосфера, со почит кон минатото и јасна визија за иднината, во Кочани се одржа панел-дискусија по повод една година од основањето на Ротари Феникс центарот. Настанот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 13, 2026 - пет
Кочани, MK
11°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, SSW
54%
765.07 mmHg
fri03/13 sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17
чисто небо
14/6°C
чисто небо
14/3°C
облаци
14/6°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?