Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советот на Општина Кочани не даде согласност да запре објавувањето на решението за паралелки со помал број ученици, претседателот најави кривична пријава против в.д. градоначалникот

автор: Т. Ајтовски
12 септември, 2025 09:53
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Советот на Општина Кочани не даде согласност да запре објавувањето на решението за паралелки со помал број ученици, претседателот најави кривична пријава против в.д. градоначалникот

Советот на Општина Кочани не даде согласност на решението за запирање на објавувањето во Службениот гласник на Заклучокот за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта за учебната 2025-2026 година, што беше единствена точка на дневниот ред на денешната 69. седница.

Таквиот став на советниците значи задржување на одлуката од претходната седница на која беше дадена согласност паралелките да имаат помалку ученици, иако во тој момент за тоа немаше стигнато официјално одобрение од Министерството за образование.

Недостигот од тој документ пак, е причина в.д. градоначалникот Венко Крстевски да не ја објави одлуката, поради што таа досега не е полноправна. Од друга страна, претседателот на Советот, Лазо Митев истакна дека согласноста од Министерството стигнала до него.

– Мене не ми е јасно, градоначалникот постапил законски во тој момент. Во меѓувреме стигнува согласност кај претседателот, а не во Општината. Како е можно ова и сега ние на кого треба да веруваме? Вие претседателе, сте ни пуштиле на нас некој мејл, а Министерството за образование не може да пушти мејл до Општината, на мене не ми е јасно, истакна Ивица Лазаров, член на Советот на Општина Кочани.

-Градоначалникот го стопира решението, ситуацијата во образованието е навистина критична и се засегнати децата и сите. До мене, како претседател, бидејќи ни е должност, и учениците и родителите и Синдикатот на образованието бараа до мене, стаса дека на 5 септември е пратено до градоначалникот Општина Кочани, потпишано од министерот Весна Јаневска за позитивно мислење. Јас како претседател морам да кажам дека во текот добив информација дека во текот на вчерашниот ден е поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство за злоупотреба на службената должност и јас стојам како претседател целата оваа ситуација да се испита. Зошто се крие овој документ? Ако градоначалникот испратил претходниот пат и за 24 часа стасало во Министерството, ако на 5 септември е испратено, зошто денеска 12 септември овој документ се уште го нема во Општината? Се сомневам дека некој го крие овој документ, истакна Лазо Митев, претседател на Советот на Општина Кочани. 

На директно прашање до општинските служби дали во Општината е пристигната согласноста од ресорното министерство, беше даден краток одговор дека до почнувањето на денешната седница таков документ нема дојдено. 

Поради службени обврски в.д. градоначалникот Крстевски не беше присутен на седнциата, но во телефонска изјава за Канал 8 нагласи дека очекува со најавената пријава до Обвинителството да се расчисти целата ситуација.

-Јас го повикувам слободно претседателот да поднесе пријава за да можам подоцна да го гонам службено, бидејќи единствен којшто ја злоупотребува својата службена должност е тој. Самата одлука за помал број на ученици во паралелки, за да биде гласана во Советот, треба претходно да има добиено позитивно мислење од страна на Министерството за образование. Такво мислење не беше добиено првиот пат кога беше гласана одлуката и затоа беше поништено од моја страна. Такво мислење сѐ уште нема стигнато по пошта до Општината и не знам зошто се прави драма кога Министерството доколку има потпишано така одлука се надевам дека истата ќе стигне, дали во текот на денешниот или во наредните денови. Истото сметам дека е на штета на образованието, истакна в.д. градоначалникот Венко Крстевски.

На крајот од седницата со 16 гласа „против“ и еден воздржан не беше прифатено решението на в.д. градоначалникот за запирање на постапката за формирање паралелки со помал број ученици и беше наложено одлуката да биде објавена во Службен гласник на Општината.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: основно образованиесовет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На Пониква се одржа дводневна обука за спасување и извлекување лица во зимски услови и лавини на планина
Кочани

На Пониква се одржа дводневна обука за спасување и извлекување лица во зимски услови и лавини на планина

автор: Т. Ајтовски
11 февруари, 2026 10:25
0

Доброволната спасителска служба „Осогово“ од Кочани беше домаќин и организатор на дводневна обука за спасување и извлекување лица во зимски услови и лавини на планина што се одржа...

прочитај повеќе
Обука за правилна селекција, постапување и документирање на отпад организираше Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани
Кочани

Обука за правилна селекција, постапување и документирање на отпад организираше Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани

автор: Т. Ајтовски
10 февруари, 2026 15:19
0

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ од Кочани организираше дводневна обука за правилна селекција, постапување и документирање на отпад,наменета за претставници од компании...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 11, 2026 - сре
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
2 m/s, SE
89%
753.81 mmHg
wed02/11 thu02/12 fri02/13 sat02/14 sun02/15
облачно
7/7°C
облачно
9/7°C
слаб дожд
8/8°C
неколку облаци
13/5°C
слаб дожд
13/9°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?