Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советот на Општина Чешиново-Облешево даде согласност за покачување на цената на ѓубрарината

автор: Т. Ајтовски
17 јануари, 2025 18:53
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Советот на Општина Чешиново-Облешево даде согласност за покачување на цената на ѓубрарината

Советот на Општина Чешиново-Облешево даде согласност на одлуката на Управниот одбор на јавното комунално претпријатие „Облешево“ за покачување на надоместокот за собирање и транспорт на комуналниот отпад од домаќинствата и од правните субјекти.

Зголемувањето на цената за услугата кај домаќинствата е за 50 отсто, односно од 200 се покачува на 300 денари, додека кај правните субјекти процентуално покачувањето е за четири пати повисоко во однос на досегашната цена. Притоа, малите правни субјекти, односно селските продавници и другите прептијатија од помал обем наместо 500 денари како до сега, ќе треба да плаќаат по 2.000 денари месечно. Големите правни лица, кои создаваат и поголеми количини отпад, наместо 2.000 ќе плаќаат по 8.000 денари.

Надоместокот за собирање и транспорт на отпадот корисниците го плаќаат паушално, за да се избегнат високи цени доколку тоа би било според површината што ја користат фирмите.

На последната седница на Советот на Општината се разгледуваше одлуката на Управниот одбор, при што имаше размислувања дека покачувањето кај малите правни субјекти можеби е превисоко, односно да биде двојно поголемо.

-Откако ни се доставија материјалите за седницата, ми се јавија неколку сопственици на продавници кои реагираа дека со зголемување на сумата на 2.000 денари месечно ќе дојде до затворање на самите објекти, бидејќи и онака се обременети со лиценца за алкохол, кирија, баждарење на вага, баждарење на каса, фирмарина, намалување на прометот поради тоа што населението се намалува, а се повеќе отвораат големи маркети во околните градови. Потоа имаат плати на вработените, трошоци за електрична енергија, санитарни прегледи и други трошоци. Ако дојде до затворање на продавниците, посебно во Теранци, Кучичино, Бурилчево, Уларци и Жиганци, ќе се поттикне уште повеќе иселувањето, а ќе се намалат и приходите по основ на фирмарина, комунален отпад, гробишта, вода и слично, истакна Сане Стојанов, член на Советот на Општина Чешиново-Облешево.

-Дали за сите продавници, за сите дуќани важи таа одлука? Тука не се наведени сите, има дуќани што исфрлаат многу помалку од домаќинствата, а да плаќаат по 2.000 денари и тоа не е во ред. Ако може да се дефинира кои спаѓаат во тие мали правни субјекти, истакна Славе Донев, член на Советот на Општина Чешиново-Облешево.

-Како мали правни субјекти можат да се земат продавниците, кафулињата, рестораните. Под три, производствено-преработувачки капацитети, фабрики супер маркети, тоа е како Жито маркетот, да појаснам поточно, тој не е во ист ранг со малите продавници, колонијали. Потоа имаме 8.000 денари за преработувачки капацитети, како фабрики, еве Марихуаната, Екстра Фунги, нешто од тој обем. Сметам дека две илјади денари за угостителски објекти, колонијали и аптеки не би било превисока цена, како што кажа колегата, ќе се затворат. Ако треба да се затворат за 2000 денари нема зошто ни да се отворат, истакна Дејан Анакиев, директор на ЈПКД „Облешево“.

-Делумно се согласувам со одлуката, со сите, со физички лица, со големи правни субјекти, само малите правни субјекти мислам дека не се категоризирани како што треба треба, да се разградува уште еднаш. Имаме маркети што стварно имаат многу отпад, а имаме и мали продавници што немаат ни на половина отпад од нив, а се ставени во иста категорија и треба да плаќаат по 2.000 денари. Само да се направи категоризација, кој да плаќа 2.000 денари, кој да не плаќа. Поголемите можат слободно да идат кај големите правни субјекти, а помалите да останат и цената да се намали барем на илјада денари, од 500 да се зголеми дупло. За другото комплетно се согласувам, истакна Франческо Наков, член на Советот на Општина Чешиново-Облешево.

-Ние како Општина, заедно со јавното комунално претпријатие веќе сме навлезени во матрицата за поинакво управување со отпад, а тоа значи дополнителни реперкусии по однос на наплатата. Од тука нема отстапување, затоа што постулатите се поставени уште од 2014 година за ние сега веќе да одиме кон крајните моменти за завршување на самиот проект. Тоа значи устројување кон матрицата која ја налага Европската Унија, затоа што ние ги користиме европските фондови, рече Далибор Ангелов, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.

По скоро едночасовната дискусија околу покачувањето на цената за собирање и транспорт на комуналниот отпад, советниците преминаа на гласање. Со 6 гласа „за“, еден „против“ и тројца воздржани одлуката на Управниот одбор на јавното комунално претпријатие „Облешево“ беше поддржана.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јпкд „облешево“општина чешиново - облешево

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ЈПКД „Облешево“ достави барање до Регулаторната комисија за енергетика за утврдување тарифи за водните услуги за периодот 2025-2027 година
Регион

Нови инвестиции во Чешиново-Облешево: Потпишан договор за проширување на капацитетите на градинката „Ѕвездички“

автор: Т. Ајтовски
19 март, 2026 19:15
0

Општина Чешиново-Облешево презема значајни чекори за подобрување на социјалната и спортската инфраструктура. Главниот фокус е ставен на унапредување на предучилишното образование преку договор за грант од Министерството за...

прочитај повеќе
Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“
Регион

Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
19 март, 2026 18:47
0

На осмата редовна седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево, која започна со минута молчење по повод годишнината од пожарот во дискотеката „Плус“, советниците едногласно донесоа низа одлуки за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 20, 2026 - пет
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
3 m/s, NE
43%
757.56 mmHg
fri03/20 sat03/21 sun03/22 mon03/23 tue03/24
облачно
10/7°C
облачно
11/4°C
одвоени облаци
13/4°C
облачно
12/7°C
одвоени облаци
12/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?