Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Споменикот на слободата добива нов сјај

автор: Т. Ајтовски
2 јули, 2024 13:37
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
Споменикот на слободата добива нов сјај

Според планираната динамика се одвиваат градежните работи за реставрација и санација на архитектурата и на партерното уредување на Споменикот на слободата.

Старите и оштетени мермерни облоги од пристапните скали и од амфитеатралниот дел на северната страна на Споменикот се веќе отстранети и заменети со нови. Со тоа внатрешниот, централен дел го добива изгледот од пред четириесетина години, кога беше изграден.

Во рамки на градежните работи се врши санација и на оштетените вертикални ѕидни површини со чистење и пескарење на бетонските ѕидни платна и заштита од атмосферските влијанија.

Паралелно со обновувањето на архитектурниот, се работи и на уметничкиот дел, односно на мозаикот. Отстранети се графитите што во изминатите години ги нанеле неодговорни лица, како и каменецот од атмосферските влијанија што на одредени места ги прекриваше мозаичните плочи. Исто така, се санираат физичките оштетувања на мозаикот од внатрешниот и надворешниот дел.

Според техничкиот проект за санација, предвидено е да се инсталира и комплетно ново осветлување, за што изведувачот „Електрика“ од Кочани веќе ги изведува градежните работи за ископ на канали за инсталацијата и на бетонските стопи за светлосните столбови.   

Градежните работи околу архитектонскиот дел ги изведува  фирмата „Исток мермер“ од  Долни Подлог, која беше избрана како најповолен економски оператор по реализираната тендерска постапка.  Конзерваторско-реставраторските активности на мозаичките фризови пак, ги изведуваат ликовни уметници и стручни лица кои веќе имаат слично искуство од работата со авторот Глигор Чемерски.

Реновирањето и заштитата на најголемиот мозаичен монумент на Балканот, лоциран на ридот Локубија во Кочани, почна кон крајот на ноември минатата година. Се работи за проект што се реализира со финансиска поддршка од над 254 илјади долари од Амбасадата на САД, преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство.

Со комплетирањето на реставрацијата, санацијата и заштитата  на Споменикот на слободата, како законски заштитено недвижно добро, треба да се вратат неговите суштински вредности и уметничкиот израз.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: споменик на слободата

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
12°C
облаци
облаци
0 m/s, NNW
63%
756.81 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
-/9°C
неколку облаци
14/3°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/8°C
снег
5/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?