Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Спортско дружење на фудбалските ветерани во спомен на 50-годишнината од трагичната смрт на фудбалерот Никола Мантов

автор: Т. Ајтовски
1 јули, 2023 18:35
во Кочани, Спорт
време на читање: 4 мин.
A A
Спортско дружење на фудбалските ветерани во спомен на 50-годишнината од трагичната смрт на фудбалерот Никола Мантов

Фудбалските ветерани од Кочани, Штип, Виница и други градови од државата, поранешни фудбалери на „Осогово“, „Брегалница“, „Слога“ и други екипи денеска организираа спортско дружење во спомен на 50-годишнината од трагичната смрт на нивниот другар и соиграч – Никола Мантов.

На стадионот во Кочани, што денес го носи името на Мантов, се собраа поголем број некогашни спортисти и спортски работници, кои му оддадоа достојна почит на младиот фудбалер чиј живот згасна на теренот на 1 јули 1973 година, за време на натпреварот меѓу тогашните македонски прволигаши „Осогово“ и „ФАС 11 Октомври“.

-На денешната средба дојдоа поголем дел од играчите кои настапуваа заедно со Мантов. Тоа се луѓе од генерацииите кои се на возраст од 70 и повеќе години, а тогаш беа млади, талентирани и перспективни фудбалери. Таков беше и Никола Мантов, но за жал судбината беше таква што прерано заврши неговата кариера. Сепак, ние го чуваме споменот за него, како добар фудбалер, одличен соиграч, но уште подобар другар и човек. Нека му е вечна слава, истакна Алeксандар Стојанов, поранешен фудбалер на „Осогово“ и член на иницијативниот одбор за одбележување на годишнината.

На симболичниот натпревар меѓу „Осогово“ и „Брегалница“ настапи и Димитар Андонов, капитен на кочанскиот прволигаш на натпреварот на кој почина Никола Мантов.

-Мантов беше покрај аут линијата, а топката беше сосема на друга страна. Одеднаш тој падна на тревата, натпреварот прекина, притрчавме да му помогнеме, но веќе беше доцна. Дојде и итна медицинска помош, го однесе во болницата – и толку. Добар фудбалер беше, играше и халф, и во напад, потоа му дадоа дрес со број 7 и со тоа заврши. Пред него стоеше цела кариера, но замина млад, истакна Андонов.

И ветераните на штипска „Брегалница“ искажаа пофални зборови за Мантов.

-Благодариме на фудбалско Кочани што се сети на нас и нѐ повика на овој јубилеј, иако по трагичен повод, но сепак на заедничко пријателско дружење. Другарството со Мантов го носиме во сеќавањата повеќе од 50 години. Поводот е тажен, но морам да кажам дека тој почина и замина од овој свет само поради тоа што премногу сакаше да игра фудбал, истакна Борис Цеков, поранешен фудбалер и спортски работник од Штип.

Во знак на сеќавање на Мантов, компанијата „Тинг Инокс“ од Кочани подари метална табла со натпис за стадионот „Никола Мантов“, а на поголем број поранешни фудбалери, од генерацијата на починатиот првотимец на „Осогово“ и од помладите генерации им беа доделeни благодарници и награди.

По иницијатива на ветераните на „Осогово“’ во подготовка е и книга посветена на Никола Мантов, чие излегување во јавноста се очекува наскоро.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: никола мантовфк осоговофудбал

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Хуманитарен натпревар во чест на загинатите во „Пулс“ одиграа фудбалерите на „Осогово“ и скопски „Вардар“
Кочани

Хуманитарен натпревар во чест на загинатите во „Пулс“ одиграа фудбалерите на „Осогово“ и скопски „Вардар“

автор: Т. Ајтовски
7 февруари, 2026 18:41
0

Фудбалерите на ГФК „Осогово“ беа домаќини на хуманитарен натпревар што денеска на стадионот „Никола Мантов“ го одиграа со ФК „Вардар“ од Скопје во чест на загинатите во трагичниот...

прочитај повеќе
Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 9, 2026 - пон
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, ENE
79%
756.81 mmHg
mon02/09 tue02/10 wed02/11 thu02/12 fri02/13
облачно
10/7°C
облачно
7/5°C
облачно
8/5°C
облачно
10/7°C
облачно
10/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?