Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Тодоров: Како градоначалник на Кочани ќе посветам внимание на подобрување на условите за живот и во селата во општината

автор: Т. Ајтовски
14 октомври, 2025 13:11
во Политика
време на читање: 2 мин.
A A
Тодоров: Како градоначалник на Кочани ќе посветам внимание на подобрување на условите за живот и во селата во општината

Посебно внимание во мандатот како градоначалник на Кочани ќе посветам на подобрувањето на условите за живот на жителите во селските населби во општината, без разлика дали се во рамничарскиот или планинскиот предел, истакна на денешната прес конференција независниот кандидат Зоран Тодоров, поддржан од група избирачи „За живот во Кочани“.

– Прво би почнал од превозот на долните села, тоа се Горни и Долни Подлог, Мојанци и Прибачево, каде што слободно можам да кажам се дискриминирани со тоа што немаат градски превоз, за да можат да ги поврзат своите домови со централното градско подрачје. Тоа мора да се промени итно, на повеќе начини или повеќе можни решенија, од правење на јавно комунално претпријатие, како пример или до овој градски превоз кој сега го имаме, ќе го продолжиме понатаму или да направиме еколошки превоз со електрични автобуси. Тоа сето ќе го разговараме во некоја друга прилика, но сакаме да кажеме дека ова е нешто што сигурно ќе го оствариме, за младите луѓе да не се осеќаат дека се дискриминирани, тие кои се од руралните средини и овие во централното градско подрачје. Второто е образованието, т.е. училиштата кои се наоѓаат по селата, кои треба да имаат иновативни на решенија за греење, исто како и еднакви услови за школување како и децата кои се во централното градско подрачје. Третата работа која сакам да ја кажам на граѓаните кои се наоѓаат во долните села посебно, тоа е заштита од поплави. Значи, освен регуларното чистење на каналите, очекуваме проектот кој е за заштита од поплави да има голем ефект во тој дел, истакна Тодоров.

На прес конференцијата тој додаде дека ќе се обезбеди поголема безбедност на планинскиот пат кон  Крушка и Костин Дол, затоа што претставува опасност за луѓето кои живеат таму, но и за љубителите на природата кои го посетуваат тој крај.

-Општина Кочани ќе инсистира да се среди дивото сечење на дрвјата, тоа мора да биде прекинато бидејќи ја нарушува и нивната безбедност, а се разбира флората и фауната во нивниот крај. Ќе ги стимулираме сите тие села, кои се идеални за рурален туризам, на тој начин што ќе добиваат поттик преку европските фондови, за да можеме да ги следиме соседните земји барем во тој дел. Исто така, мораме да ги поврземе селата Пантелеј и Лесново, за да можеме двата манастира да ги ставиме во една иста рута при туризмот кога се работи верскиот туризам. Таму имаме една рута од селото Рајчани кон Злетово и кон Лесново кое би го завршиле во целост. Кога зборуваме за децентрализирање на водостопанството, за вклучување на Општината при одлучување кои општини или како ќе се наводнуваат и во кои делови што ќе се сее во иднина, загарантираната цена на ориз, вклучувањето на Општината во преговорите за стоковите резерви, Општина Кочани мора да почне да се грижи за своите граѓани подеднакво, за сите, а посебно за луѓето кои се во руралните средини кои во овој момент се осеќаат дискредитирано, истакна Тодоров.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: зоран тодоровлокални избори 2025

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во Кочани е отворена Регионална канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ
Политика

Во Кочани е отворена Регионална канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ

автор: Т. Ајтовски
30 декември, 2025 13:46
0

Потпретседателот и пратеник на ЗНАМ во Изборната единица 3, Павле Арсоски денеска во Кочани отвори регионална пратеничка канцеларија за контакт со граѓаните. Отворањето на оваа канцеларија е во...

прочитај повеќе
Капацитетот на градинката  „Павлина Велјанова“ надминат за една четвртина, на листата на чекање има уште 150 дечиња
Политика

ОО СДСМ – Кочани: ДПМНЕ ја продолжува партизацијата на институциите, по седми пат исто лице назначено за директор на градинката

автор: Т. Ајтовски
25 ноември, 2025 12:23
0

Почитувани, „новото'' ДПМНЕ продолжува со старата пракса на поставување на кадри со класична  партизација и клиентелистичко однесување. Иако граѓаните очекуваа да се побрза со отворање на новата градинка...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
2°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, NE
72%
761.31 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
одвоени облаци
14/8°C
одвоени облаци
14/6°C
неколку облаци
14/7°C
облачно
13/8°C
снег
5/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?