Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Трет ден е блокиран пристапот кон депонијата, комуналните претпријатија ќе бараат алтернативни решенија

автор: Т. Ајтовски
30 октомври, 2024 14:13
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Трет ден е блокиран пристапот кон депонијата, комуналните претпријатија ќе бараат алтернативни решенија

Со слоганот „Сакаме чист воздух – не сакаме отпад од други општини“ граѓани и екоактивисти од Кочани трет ден го блокираат сообраќајниот пристап за возилата за транспорт на отпадот до комуналната депонија кај селото Бели.

Од надлежните општински и државни органи тие бараат да се спречи исфрлањето и палењето на отпадот на депонијата, на која  освен од Кочани се депонира отпад и од соседните општини Виница и Зрновци. Главната причоина за протестот и блокадата е загадувањето на воздухот и околината на локалитетот Тупанец, каде што е лоцирана депонијата.

-Нашето единствено прашање е зошто некој дозволува граѓаните да се трујат и да го загрозуваат своето здравје. Сметаме дека има начини да се реши проблемот, со обезбедување на влезот и околината на депонијата за да не им се дозволи на неовластени лица да влегуваат и да го палат отпадот. Ќе останеме на блокадата додека не се најде соодветно решение за сите нас, истакна  Моне Ѓорѓиев, ичесник на протестот.

Контејнерите и садовите за собирање отпад во трите општини се преполни и ѓубрето е расфрлано наоколу, а денеска градоначалниците и директорите на комуналните претпријатија од Кочани, Виница и Зрновци одржаа состанок на кој се разговараше за состојбата со депонијата.

-Општина Кочани побара од соседните општини да го стопираат дотурот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани, сѐ до моментот на создавање услови за  нејзино нормално функционирање, односно влегување на механизацијата на фирмата „Ескаваторе“, избран оператор за проектот за воспоставување Регионален систем за управување со отпад од Министерството за животна средина, Министерството за финансии и програмата ИПА 2 на Европската Унија и работа во насока на затворање на Градската депонија во Кочани. Исто така, побара од соседните општини во меѓувреме да изнајдат сопствени локации на кои, со одобрение на Министерството за животна средина ќе може да се депонира отпадот што се создава на нивната територија, се истакнува во писменото известување по состанокот.

Општините Виница и Зрновци предложиле, по нормализирањето на работата на депонијата во Кочани,  да учествуваат со финансиски средства за обезбедување 24-часовна чуварска служба, како и за обезбедување механизација и фирма за одржување на депонијата.

Општина Кочани бара од Министерството за животна средина кофинансирање за одржување во функција на депонијата поради неможноста КЈП „Водовод“ – Кочани да се справи со дополнително наметнатите финансиски трошоци произлезени од проектот за воспоставување Регионален систем за управување со отпад.

По предлозите и заклучоците од денешниов состанок треба да се произнесе и Министерството за животна средина за да не дојде до загрозување и прекинување на реализацијата на европскиот проект за управување со отпад.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
14°C
облаци
облаци
3 m/s, SW
50%
756.81 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
слаб дожд
14/7°C
одвоени облаци
14/3°C
неколку облаци
14/7°C
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?