Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Трутово млеко за јакнење на здравствениот имунитет – во Зрновци почна проект за подигање на профитабилноста на пчеларството

автор: Т. Ајтовски
19 мај, 2025 01:38
во Кочани, Регион
време на читање: 6 мин.
A A
Трутово млеко за јакнење на здравствениот имунитет – во Зрновци почна проект за подигање на профитабилноста на пчеларството

Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци почна со реализација на проектот „Паметен соларен пчеларник“ чија главна цел е да се создадат услови за профитабилно пчеларство преку производство на нови иновативни производи врз база на пчелни трутови во услови на климатски промени.

Како дел од проектот, а во рамки на Пчеларство „Данев“ поставена е пилот пчеларска фарма во околината на Зрновци, на која ќе се прават теренски обуки на заинтересирани пчелари за добивање на т.н. трутово млеко.

Координатор на проектот е Благојче Најдовски, пчеларски стручњак кој над 20 години соработува со здружението „Јавор“, а чија главна цел е да се подигне профитабилноста на пчеларството со добивање иновативен производ кој треба да обезбеди приход за пчеларите, но и здрава исхрана за подигање на имунитетот на граѓаните.

-Станува збор за финален производ од трутово млеко, значи досега непознат производ на нашите простори. Станува збор за работа којашто е донесена од Истокот, значи во земјите на Источниот блок, претежно во Русија. Во последните неколку децении се користи во секојдневната исхрана, нешто што е веќе познато, ама кај нас не е познато. Втората работа е, како еден вид борба против климатските промени, затоа што од четири залаци коишто просечен човек ги има во дневната исхрана, три зависат од опрашувањето. Оваа година беше катастрофална во делот на презимувањето на пчелните семејства и на Балканот и во светот, климатските промени си го прават своето, бројот на пчелите опаѓа. Од друга страна, цената на пчелните производи е релативно ниска заради повеќе причини и пчеларството е нерентабилно. Ние сакаме со овој проект фактички да направиме две добри работи – првата е како да им дадеме на пчеларите можност да научат, значи ќе има процес на едукација во самиот проект, кај што група на пчелари од Македонија ќе научат како се произведува трутово млеко. Со оглед што немаме кај нас луѓе коишто го знаат тоа, ќе донесеме луѓе од Бугарија, експерти, коишто на практичен начин ќе промовираат како се прави тоа, во следниот период за некои 10 – 15 дена, истакна Најдовски.

Во рамки на проектот ќе следи и информирање и едукација на граѓаните за придобивките од користење високопротеински производ како што е трутовото млеко.

-Ова е производ којшто е блиску со квалитетот до матичната млеч, тоа е прва работа, значи се произведува во природата буквално од ништо, затоа што е нуспроизвод на пчелното семејство, како втора работа, а трета работа е што има здравствени бенефити и може да го користат од деца до возрасни луѓе. Значи, станува збор за суперхрана којашто досега на нашите простори ја немало. Сакаме да го промовираме пчеларството како алатка за задржување на биодиверзитетот. Тоа значи дека над 90% од сите растенија кај нас, коишто се фактички ентoмофени, коишто ги опрашуваат инсекти, зависат од пчелите. Што ќе оставиме на идните поколенија зависи денес, затоа што доколку нема пчели ќе се прекине ланецот на опрашување, дали тоа се култивирани билки, овошје, зеленчук или се некои ендемични растенија коишто ги има само кај нас, зависи од пчелата и од опрашувањето. Тука сакаме да дадеме придонес за зачувување на биодиверзитетот, така како што ни оставиле нашите предци да им го дадеме на идните поколенија. Фактички имаме три нивоа на цели кои што сакаме да ги постигнеме: подобрување на профитабилноста на пчеларите, втората работа е подобрување на исхраната на луѓето со користење на суперхрана од домашно производство, во случајов трутово млеко, и третата работа е зачувување на биодиверзитетот, вели Најдовски.

Една од целите со проектот е и поттикнување на развојот на пчеларството во руралните средини, каков што е примерот со околината на Зрновци, каде има одлични услови за тоа. Производството на трутово млеко може да го надомести недостигот и тешкото добивање на матичен млеч.

– Матичниот млеч е суперхрана што има одлични карактеристики и е една од најскапите храни којашто луѓето ја користат. Проблемот со неа е што бара специфично знаење, технологија што е специфична, затоа што се добива од матичните ќелии кога пчелата сака да добие нова матица. Тоа бара многу знаење, многу време, а многу мало производство. На пример, во Македонија најголемите производители на матичен млеч, никој не може да произведе повеќе од 4-5 килограми годишно. Зборуваме за професионален пчелар кој произведува на неговата фарма, било поради лимитирање со продажбата, било поради технологијата, затоа што временскиот период кога таа се произведува е лимитиран. Од друга страна, ако е нешто скапо, или тешко се доаѓа или е забрането. Во случајов, тешко се доаѓа до него. Да појасниме дека трутовото млеко е фактички содржината на ларвите трутови, од седмиот до десеттиот ден, кајшто со нивно пресување се добива слузеста материја којашто е трутово млеко. Потоа следат различни типови на конзервација, како да се зачува, дали тоа ќе биде сушење, дали ќе биде на минус 40 со помош на лиофилизација, дали ќе биде конзервирани во мед или во други конзерванси. Целата работа е како да се направи достапен во текот на целата година и истиот со  своите богати хранливи карактеристики да можат луѓето да го конзумираат кога сакаат, додава Најдовски.

Со проектот ќе има едукација како трутовото млеко да го произведат пчеларите, при што од едно пчелно семејство може да се добијат 4-5 килограми.

-Многу е поевтино за производство, многу е поедноставно за производство. Се разбира, го нема истиот квалитет како матичниот млеч, меѓутоа има многу карактеристики кои што се слични. И ако нешто е евтино, ако е достапно, тогаш фактички многу полесно може да го користите. Втората работа што е битно, во земјите од Истокот, значи зборуваме од Романија до Русија, се користи повеќе децении и е препознаен од локалната средина. Луѓето кога имаат проблем со имунитетот, едноставно кога сакаат да го зајакнат здравјето, имаат достапно трутово млеко, независно во која форма на конзервирање можат да го земат. Станува збор за суперхрана, којашто е од домашно потекло, којашто фактички решава многу здравствени проблеми и сакаме да ја воведеме како производ, затоа што досега никој тоа не го направил, истакнува Најдовски.

За разлика од матичниот млеч, добивањето трутово млеко е полесно и поевтино, а потребна е поедноставна опрема и технологија.

-За добивање матичен млеч треба знаење и треба специјална технологија којашто не се учи наеднаш. Пчеларите во текот на пчеларењето користат рамки градежници, значи тоа е рамка којашто нема восок, нема жица, нема ништо внатре и ја ставаат во пчелното семејство, кадешто пчелите имајќи потреба од трутови, градат трутовски ќелии, матицата снесува јајце и за период од десетина дена може тоа саќе да го исечете, да го пресувате и да добиете трутово млеко. Значи, освен преса којашто не чини повеќе од 50 евра, дури може и да се импровизира, не треба никаква друга опрема освен знаењето и технологијата да го добиете тоа и начинот на конзервирање, чување и начинот на употреба, затоа што е специфично во делот на конзервирањето. Секоја протеинска храна, којашто високопротеинска, е исто така интересна и за гливиците, и за вирусите, и за бактериите, и треба да најдете начин како едноставно да ја конзервирате, да може човекот да ги искористи сите нејзини полезни карактеристики. Истата може да се користи, на пример, во зимскиот период кога имаме проблеми со настинки, со пад на имунитет, затоа што имате производ којшто нема пандан, освен матичниот млеч, во било која исхрана. Станува збор за комплексна материја којашто ги има сите потребни нутриенти за организмот, како микроелементи, тоа се минерали, калциум, цинк, манган, цела палета на минерали има внатре, така до сите можни аминокиселини, значи и есенцијални и неесенцијални аминокиселини, липиди, стероли. Значи, буквално комплексна храна којашто е високо нутритивна а може да ја купите за релативно мали средства и што е најинтересно немате потреба да одите во аптека или во било која продавница. Ние сакаме ова знаење да го пренесеме на 5.000 пчелари, колку што има во Македонија, да добијат знаење, да произведат производ со високо додадена вредност, а луѓето да купат нешто за имунитетот што им е кај комшијата до него, пчеларот. За разлика од овие препарати коишто ги имате по аптеките, кои ги произведува некој производител некаде, овде за 10-15 дена вие ќе видите разлика и знаете кај кого да го купите повторно, со што се прави довербата помеѓу пчеларот и помеѓу локалниот потрошувач. Тоа е благодетот на оваа наша македонска природа што го дава, преточено во суперхрана и едноставно ја имате тука, заклучува Најдовски.

На пчеларската фарма во Зрновци, што е вклучена како пилот терен, поставена е опрема за следење на метеоролошките и климатските карактеристики на околината, а податоците ќе можат да се добиваат во реално време.

-Поставивме автоматска метеоролошка станица којашто ги мери податоците, количества на врнежи, температура и влажност на воздухот и воздушен притисок. Ова е стартно, а во иднина може да се зголемуваат и бројот на сензорите. Се покажува дека климатските промени удираат во секоја гранка, па дигитализацијата, користењето на современа опрема станува потреба во секој домен од современото живеење. Самата станица работи на соларен панел, работи на батерија којашто се надополнува, има М2М сим картица којашто ги препраќа податоците и сите податоци се отчитуваат на мобилна апликација, на компјутерска апликација. Времето на мерење е на секои десет минути, со тоа што корисниците на секои десет минути ги следат реалните услови коишто се во самиот пчеларник. Исто така, многу е важно бидејќи со поставувањето на станицата самиот клиент или самиот пчеларник ќе има архивска база на податоци и во основа во иднина може да се надградуваат со софтвери, да се пресметува просечна температура, средна температура, ноќна температура, сите важни параметри и врз основа на нив да се пресметува кога е периодот на цветање на некои билки.  Апликацијата функционира на тој начин што корисникот добива корисничко име и пасворд и можат неограничен број луѓе да ја користат, да се конектираат и да ги следат податоците. Значи, не само овој пчеларник, може сите жители од овој регион или пошироко да ги добијат, бидејќи ова се јавни податоци, отворени. Јавно достапни ќе бидат и корисничкото име и пасвордот и можат сите да ги следат временските услови, истакна Глигор Тодоров од компанијата ГМ Метео ДООЕЛ од Кочани, која е добавувач на опремата.

Сопственикот на пчеларникот каде е поставена опремата и каде што ќе се спроведува обуката за производство на трутово млеко, има 20-годишно пчеларско искуство како наследство од неговиот дедо и очекува позитивни придобивки од целиот проект.

-Во последните неколку години пчеларството се соочува со сериозни промени и проблеми, и во делот на големите климатски промени, и во делот на голем помор на пчелни семејства, и во делот на значителни промени во приходите на пчеларите. Сметам дека учеството во овој пилот-проект ќе даде нова надеж на пчеларите, станува збор за потенцијален нов пчеларски производ – трутово млеко. Ние ќе се обидеме преку овој пилот проект да покажеме еден вид нова технологија, како се произведува тоа трутово млеко, и преку крајната хемиска анализа да покажеме дека тоа млеко е релативно лесно да се произведе и може да се користи и во конзумација на потрошувачите и од страна на самите пчелари, како производство на таканаречените пчеларски погачи.  Една од целите ни е да им покажеме нова алтернатива на многу разочараните пчелари дека преку производството на новиот производ може да понудиме и дополнителна економска добивка и на некој начин да ја надоместиме протеинската храна на нашите пчели, бидејќи гледаме дека од година во година нашите пчели се погладни. Нешто се случува во природата и ние не може да седиме со скрстени раце. Пчеларите знаат дека атмосферските влијанија и параметрите се многу битни. Знаеме дека пчелите под 10 степени формираат клубе, знаеме дека на одредени растенија многу им е битна ноќната температура, воздушниот притисок, така што ова ќе даде уште еден поттик и на останатите пчеларски здруженија и на индивидуалните пчелари, да обрнат малку повеќе внимание. Ова ќе бидат јавно достапни информации, ние ќе се обидеме преку следење во текот на една година да направиме еден вид заклучоци и тоа ќе биде секако инпут и за останатите пчелари. Ова е пилот проект во којшто веруваме многу и на крајот се надеваме дека резултатите не само што ќе бидат позитивни, туку ќе дадат надеж и можност за економски бенефит на самите пчелари, истакна Благој Данев, сопственик на пчеларство „Данев“.

Во рамки на проектот што ќе трае до средината на декември годинава ќе се спроведат шест теоретско-практични обуки и работилници. Ќе се изработат и едукативни видеа и брошура за производство трутови ларви, протеинска храна од трутови ларви и за нутритивно-здравствените придобивки од нивната употреба во исхраната на луѓето.

Проектот е подржан од  Европската Унија и Владата на Црна Гора преку регионалниот проект „EICEE-Екосистем за екоиновации и циркуларна економија на Западен Балкан“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение „јавор“ - зрновципчеларствотрутово млеко

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе
„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“
Кочани

„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2026 20:46
0

Под мотото „Кочани ви благодари“, попладнево во Кочани се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на сите институции, медицински тимови и поединци кои несебично помогнаа во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 16, 2026 - пон
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, S
62%
761.31 mmHg
mon03/16 tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20
слаб дожд
13/7°C
облачно
13/6°C
слаб дожд
10/6°C
облачно
11/5°C
снег
7/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?