Општинската организација на Црвени крст – Кочани успешно ја реализираше редовната февруарска крводарителска акција. Ова е втора ваква акција во тековната година.
На повикот за дарување крв се одѕваа 51 крводарител, а посебно е значаен одѕивот кај помладите генерации. Во акцијата учествуваа 14 млади лица до 30 години, додека четворица граѓани за првпат се одлучија да ја покажат својата хуманост преку овој чин.

Целиот процес беше реализиран со стручна поддршка од екипа на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
За сите хумани граѓани кои не беа во можност да присуствуваат, од Црвен крст потсетуваат дека крв може да се дарува секој последен четврток во месецот во просториите на Општинската организација во Кочани.
Дополнително, дарувањето е овозможено секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






