Одличен успех постигнаа каратистите од карате клубовите „Партизан“ и „Кочани“ на силниот меѓународниот турнир „Златен куп – Тетово“ што го организираа КК „Шкендија“ и Карате федерацијата на Македонија.
Карате клубот „Кочани“ настапи со 10 натпреварувачи во 19 категории во кумите (борби), кои освоија 14 медали. Најдобар впечаток остави најмладата каратистка, 6-годишната Дарија Симеонова која се натпреваруваше во категорија борби до 25 кг. за каратисти од генерацијата 2018 г. и го освои третото место при резултат 3:3.

Први места и златни медали освоија: Алексеј Ристов 2016 -35 кг и 2015 -35 кг, Ана Костадинова 2015 +44 кг, Илина Костадинова 2013 -45 кг, Магдалена Николова кадети +61 кг и Томислав Ристов 2012 -45 кг.
На второто место со сребрени медали се пласираа: Ана Костадинова 2015 -44 кг, Лана Ристова 2015 +44 и Илина Костадинова 2012 -44 кг.
Успешен настап со освоено трето место и бронзен медал имаа: Дарија Симеонова 2018 -25 кг, Дамјан Симеонов 2014 -35 кг, Катерина Стојановска 2012 +54 кг и 2013 +50 кг и Томислав Ристов кадети -52 кг.

Карате клубот „Партизан“ на турнирот го претставуваа 5 натпреварувачи во 7 тежински категории во кумите (борби). Тие освоија вкупно 6 медали, од кои 2 златни и 4 бронзени.
На првото место со златен медал се најдоа Алексија Данева од генерацијата 2015 -44кг и Имрен Саидова од генерацијата 2013 +50 кг.
Трето место и бронзен медал освоија: Стефан Донев 2015 -35 кг, Алексија Данева 2015 +44 кг, Методиј Салтиров 2012 +55 кг и Јован Арсов кадети +70 кг.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






