Општина Кочани организира јавна трибина на 12 јануари во 17 ч., во големата сала на Мултикултурниот центар, на која граѓаните ќе можат да се произнесат во врска со поднесената граѓанска иницијатива за определување локација за спомен-обележје на локацијата Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“.
Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе иницијатива до Општина Кочани за определување локација за спомен-обележје, а Советот на Општина Кочани побара Локалната самоуправа да организира јавна трибина на која граѓаните, а посебно жителите во околината на локацијата Стар парк во Кочани, ќе го дадат своето мислење по однос на граѓанската иницијатива.

Исто така, во периодот од 2 до 11 јануари 2026 година, граѓаните ќе можат да ги искажат своите мислења и ставови преку електронска анкета со дигиталната алатка мЗаедница.

Собраните мислења и предлози со непосредно учество на граѓаните, Советот на Општина Кочани ќе ги земе предвид при одлучување во врска со поднесеното барање односно иницијатива од Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






