Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

20. „Марш за ангелите“: Без независен и некорумпиран судски систем и без политичка одговорност државата повторно ќе ја изложи младоста на ризик, а трагедиите ќе се повторуваат

автор: Т. Ајтовски
30 август, 2025 18:25
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
20. „Марш за ангелите“: Без независен и некорумпиран судски систем и без политичка одговорност државата повторно ќе ја изложи младоста на ризик, а трагедиите ќе се повторуваат

Инволвираните во смртта на нашите деца наместо во притвор сѐ уште се на работа, во канцеларија во МВР и тоа е ветената неселективна правда од надлежните, истакнаа родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ на денешниот 20. „Марш за ангелите“ во Кочани.

Лошите временски услови не ги поколебаа учесниците на маршот во 17:05 часот да тргнат од Паркот на Револуцијата за да ја покажат својата истрајност во барањето правда за загинатите, но и како предупредување до јавноста дека нефункционирањето на системот во државата е потенцијална опасност трагедијата да се повтори.

Колоната се упати кон Трговскиот центар, каде беше оддадена вообичаената едноминутна почит кон настраданите, а потоа продолжи кон зградата на Општина Кочани. Таму државното, општинското и знамето на ЕУ сѐ уште се на половина јарбол како што беа истакнати на денот на трагедијата.

Пред Полициската станица родителите ја пренесоа пораката на незадоволство од третманот што го имаат одредени полициски службеници кои биле на должност во текот на кобната ноќ.

-Со шок и револт реагираме на начинот на кој се води истрага за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Постојат сериозни и документирани сомнежи кои веќе беа изнесени во јавноста дека полициските службеници имале директни комуникации со сопственикот на „Пулс“ во критичната вечер, му оддавале службени информации за полициски акции, вклучително и предупредување за присуство на малолетници и дрога. Наместо овие лица веднаш да бидат ставени во притвор за да не влијаат врз истрагата и сведоците, тие се третираат со канцелариски распити како привилегирани сведоци. Некои од нив и со унапредување, а не како осомничени. Дали ова е еднаквост пред законот,  дали ова е правда што ни ја ветуваа. Ние семејствата на загинатите нема да дозволиме вашите канцелариски истраги да ја покријат вистината. Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли, затоа што имало заштитeни соучесници во униформа, со исклучок на некои. Во оваа држава ако сакаш да постигнеш нешто треба да си најголем идиот и преварант, зашто државата нив ги наградува, а ги казнува чесните. Поштен човек во Македонија, за жал, не успева. Бараме веднаш притвор или мерки на претпазливост за сите лица за кои постојат сомнежи за уништување на докази и соработка со сопствениците на објектот, неселективна и транспарентна истрага, ОЈО ГОК да објасни зошто ваквите лица се сѐ уште на слобода, а не со третман каков што заслужуваат за нивните постапки. Да се информира јавноста до каде е постапката со обвинителниот акт за вработените од МВР, истакна Васка Стојанова, мајка на починат син единец во „Пулс“.

Потоа учесниците на Маршот продолжија кон Основниот суд и Обвинителството каде нагласија дека трагедијата што се случи во Кочани не е несреќен случај, ниту судбина, туку резултат на повеќегодишното упорно промовирање и толерирање на корупцијата од страна на сите политички партии на власт.

-Кога нема правна сигурност, кога судството е заробено, кога криминалците остануваат неказнети, тогаш трагедијата е само прашање на време и таа, за жал, се случи. Се случи во Кочани со нашите деца, но оваа борба не е само за нашите загубени синови и ќерки. Ние денес зборуваме и во име на секое дете во оваа земја. Не станува збор за апатија, не станува збор за рамнодушност. Станува збор за метастазирана корупција која допира до секој дамар на нашето општество. Таа е присутна насекаде во институциите, во политиката, во судството. И додека ние тагуваме, власта повторно ја применува истата стратегија – да развлекува, да го отапува револтот, да чека јавноста да се сврти кон друга тема. И знаеме што ќе стане потоа. Само, ние родителите со нашата ненадоместлива загуба, само ние кои ќе продолжиме да маршираме, да повикуваме и да бараме вистинска правда. Затоа денес јасно и гласно велиме: без независен и некорумпиран судски систем, без инстант политичка одговорност оваа држава повторно ќе ја изложи младоста на ризик, вакви трагедии ќе се повторуваат и тоа е најстрашното сознание. Кој ја одолговлекува постапката, зошто институциите молчат, кој ги штити виновниците? Нашите деца ги нема, но вие имате обврска да ја истерате правдата. Ние родителите стоиме позади вас не за да ве штитиме, туку заедно со вас да ја истераме вистинската правда и да докажете дека во Македонија постојат институции кои не се корумпирани и кои работат за граѓаните, истакна Марија Петрушова, мајка чиј син загина во „Пулс“.

На крајот од Маршот родителите упатија порака за која рекоа дека е болна, но искрена – ова не е само нивна битка, туку битка за сите, за да не се дозволи ниту едно дете повеќе да заврши трагично, но и да не се дозволи корупцијата да биде посилна од правдата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, SE
71%
760.56 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
одвоени облаци
13/7°C
одвоени облаци
14/3°C
неколку облаци
14/7°C
облачно
13/8°C
снег
5/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?